ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, Милошоски и Филков имаа лош ден

April 2, 2025 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владината коалиција е стабилна, а јавното препукување меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков од коалицискиот партнер ЗНАМ, според него, ќе застане на, како што вели, на овие два лични ставови.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за препукувањата меѓу Милошоски и Филков рече дека секој има право на лош ден.

– Владината коалиција е стабила. Пратеникот Антонијо Милошоски е член  на Извршниот комитет на партијата, тој е дел од мојот најблизок периметар. Јас соработката со Антонио Милошоски ја оценувам на највисоко ниво, тој е додадена вредност и во рамки на пратеничката група и во рамки на партијата. Министерот Игор Филков знам со какви проблеми се соочи, знам каква состојба затекна во Министерството за правда, континуирано на дневна основа соработуваме во делот на реформите, кои се многу важни посебно во секторот правда. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден, па така јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот завршува, рече Мицкоски, по пуштањето на фабриката на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип.

Прашан дали има проблеми со коалицијата Вреди во која е министерот за здравство Арбен Тараври кој предвои едно од крилата во Алијанса за Албанците, рече дека нема такво чувство и оти имаат исклучителна соработка.

– Не, немам такво чувство. Напротив, имаме исклучителна соработка. Граѓаните да бидат сигурни, Владата  е стабилна, повеќе од две  третини неофицијално, а официјално 78 пратеници ја поддржуваат оваа Влада. Граѓаните, според она што го гледам од анкетите даваат поддршка, огромно е позитивното мислење дека и Македонија се движи во позитивна насока и тоа претставува за нас инспирација да продолжиме понатаму да се движиме и да работиме, рече Мицкоски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски вчера во телевизиско гостување рече дека министерот за правда Игор Филков има слаб придонес во областа со која раководи.

– Ова е мој личен став, не значи дека е став на партијата или пратеничката група. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството. Тоа е мое мислење“, рече Милошоски.

Посочи дека очекувал досега барем во нацрт верзија до Собранието да бидат доставени Предлог-законот за судови, Предлог-законот за судски буџет, Предлог законот за јавнообвинителската служба, новиот Кривичен законик ……

Министерот за правда Филков, пак, во реакција на изнесените наводи на Милошоски  рече дека „Кусурот на Груевски, познат под прекарот – Џуџето од Небрегово, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево,  изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале.

– Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите! И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“! Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што  се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”, наведе Филков, набројувајќи ги законите на кои работел во изминатиот период.

Поврзано: 

Милошоски: Филков има слаб придонес во областа со која раководи / Филков: Тој е кусурот на Груевски

Tags: владина коалицијаМицкоски
Next Post

Почна јавната седница на ССМ, синдикатот бара пратениците да земаат минимална плата

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk