ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Петмина пешаци го загубиле животот во сообраќајни несреќи во првите три месеци годинава

April 3, 2025 14:07
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на минатата година животот го загубиле 24 пешаци во државава. Во првите три месеци од оваа година, пак, загинале петмина пешаци, беше кажано на почетокот од денешната јавна дебата што се одржува на Факултетот за безбедност во Скопје, по повод Неделата на пешаците – од 1 до 7 април.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски рече дека во последните години, безбедноста на пешаците во државава се соочува со сериозни предизвици.

– Според статистиките од претходните години, 15 до 25 проценти од вкупниот број загинати лица во сообраќајните незгоди се пешаци. Односно, 20 до 25 пешаци го губат животот на годишно ниво. Изминатата година во Република Македонија, животот го загубиле 24 пешаци. Во првите три месеци од оваа година, животот го загубиле петмина пешаци. Причините за ваквата состојба се недоволната свест и ниското ниво на сообраќајна култура на возачите и пешаците, неадекватна сообраќајна инфраструктура и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот, подвлече Ангеловски.

Тој ја најави кампањата „Безбедност на пешаците – одговорност за сите нас“ што ќе се реализира во текот на месеците април, мај, септември и октомври на целата територија на државата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека изминатиов период, во рамки на Министерството, интензивно се работело на законски измени.

– Факт е дека во изминатава година дена имаме некаде околу триесетина жртви како последица на сообраќајни незгоди, а притоа биле учесници во сообраќајот како пешаци. Вкупниот број на жртви кои се настанати како последица на непочитување на сообраќајни правила, е некаде околу 140 само за последната година. Тоа се катастрофални бројки. Споредено со просекот во рамки на земјите од Европската Унија, особено оние што се на север, сметам дека се катастрофални бројки. Мислам дека процентуално сме најлоши, сподели министерот.

Деканот на Факултетот за безбедност, Јонче Ивановски пред присутните рече дека секој во одреден момент е пешак.

Како што беше појаснето од организаторите, целта на настанот е да се потенцира важноста на безбедноста на пешаците во сообраќајот, да се истакнат предизвиците со што тие се соочуваат и да се промовира одговорно однесување на сите учесници во сообраќајот.

Next Post

Мицкоски: За пожарот во Кочани Обвинителството ќе се произнесе во следниот период, никогаш не се изразив за да осудам кого било

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk