ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството

April 3, 2025 12:20
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
фото извор: Радио Кочани

фото извор: Радио Кочани

Share on FacebookShare on Twitter

Истрагата за пожарот во Кочани е во тек и ќе одговара секој еден без оглед дали сторил или не сторил одредено дејствие врз основа на кое што ќе може да се извади причинско последична врска со предметниот кривично-правен настан, посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по обраќањето на Јавната дебата по повод Неделата на пешаците во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Многу прашања поврзани со овој случај се отвораат во јавноста, нагласи министерот, но сепак, вели во овој момент носител на самата постапка е јавниот обвинител.

– Многу прашања се отвораат во јавноста, но сепак, во овој момент носител на самата постапка е јавниот обвинител. Тој е „dominus litis“ којшто е носител на кривичната постапка. Минстерството за внатрешни работи постапува по сите наредби кои што се дадени од страна на Јавното обвинителство, истражуваме за разлика од претходно кога ниту едно лице не беше приведено, а притоа се загубија повеќе од 70 човечки животи во сите сообраќајни незгоди за кои во минатото не било поднесена ниту кривична пријава од страна на МВР. За разлика од тогаш сега покажуваме неселективна и ефикасна борба, рече Тошковски.

Од прес-службата на Јавното обвинителство, претходно информираа дека јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени, континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази.

Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Со истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Тимот од  јавни обвинители кој работи на случајот, како што информира претходно, работи на активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци,  како и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области.

Tags: КочанипожарТошковски
Next Post
Скриншот

Студенти од Србија со велосипеди тргнаа за Стразбур

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk