ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Со Мицкоски се договоривме да работиме на реформската агенда, повторно повикувам на лидерска средба

April 4, 2025 14:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска појасни дека на вчерашната средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се договориле да соработуваат во однос на реформската агенда за Планот за раст во која првата група закони се од областа на правосудството, енергетиката, културата и дигитализацијата. Филипче уште еднаш повика на средба со лидерите на сите парламентарни партии, вклучувајќи ги и партиите на Албанците. Повторно негира дека станува збор за моноетничка средба, нагласувајќи дека кога станува збор за интересот на државата партиите не треба да се делат.

– Средбата помина добро и морам да кажам контруктивно. Донесовме заеднички став да го почнеме, да најдеме начин на којшто ќе работиме на реформската агенда, како никогаш досега по примерот на развиените демократии. Шведска има таков пример, Германија има таков пример, ние и понатаму ќе бидеме политички различни, но кога станува збор за државата мора да седиме сите заедно и да ги решаваме проблемите. Никој нема доволен човечки капацитет и потенцијал за кратко време нешто да сработи. И во таа смисла мораме да се обединиме за најважните прашања, рече Филипче, кој денеска во Струмица присуствуваше на настан по повод отпочнувањето на втора фаза на проектот за социјална населба.

Појасни дека станува збор за реформската агенда за Планот за раст кој го изготвила владата на СДСМ и потоа актуелната, која го потпиша во Брисел.

-Таму има седум – осум работи со јасни закони и со јасна временска рамка кога тие закони треба да се донесат. Првата група закони се од областа на правосудството, што сите викаме дека треба да се реформира на соодветен начин, енергетиката, културата и делот на дигитализацијата. Ние ќе идентификуваме експерти во тие области и ќе ги понудиме на министерствата во рамките на процесот на изработка на законите, а можно е да продолжиме и во делот на Националниот совет за евроинтеграции и за дополнителна дебата со експертски групи во граѓанскиот сектор, што е многу битно заради тоа што треба да се вклучи и секако различни стручни здруженија од различни области кои имаат желба, рече Филипче.

Зборувајќи за партиските реакции од албанскиот блок, Филипче повторно иницира средба на лидерите.

-Јас повикав на средба на претседателите на сите партии, еден од претседателите на една албанска партија кажа дека тоа би било губење време, а сега не обвинуваат за некаква моноетничка средба. Средбата произлезе од трагедијата во Кочани кога видовме дека има прашања битни за развој на државата за што сите политички субјекти мораме да соработуваме без разлика дали имаме различна политичка позадина, политики коишто сме ги имплементираме и планираме да ги имплементираме и во иднина, рече Филипче.

На состанокот вчера, како што кажа, тој го претставувал СДСМ, а премиерот Христијан Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ и тие се состанале како лидери на две најголеми партии во македонскиот блок.

– Притоа премиерот беше прв кој без никаква забелешка и единствен ја прифати таа средба. Апсолутно сметам дека во следниот период треба да продолжиме во насока на организација на средба на лидерите на сите големи политиќки партии и ова е уште повик мој, вклучувајќи ги и партиите од албанскиот блок, иако не гледам никаква потреба ние тука да се делиме како партии од македонски и од албански блок кога станува збор за интересот на државата, рече Филипче, посочувајќи оти СДСМ е мултиетничка партија.

Next Post

Руте: Со засилување на своите напори во одбраната, ЕУ дава свој придонес за безбедноста

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk