ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

April 4, 2025 09:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

САД се апсолутно во право дека ние европските сојузници во НАТО мора да преземеме поголема одговорност за мирот и стабилноста, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински при доаѓањето на вториот ден од состанокот на шефовите на дипломатиите на Алијансата во Брисел.

– Петте проценти можеби не се остварливи преку ноќ, но мораме да продолжиме со инвестициите во нашите одбранбени индустрии, мора да продолжиме со инвестициите во нашите воени капацитети и тоа е правилната траекторија по која сите мора да се движиме, изјави Муцунски во однос на вчерашната изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио дека членките на НАТО мора да ги зголемат трошоците за одбраната на ниво од пет проценти од својот БДП.

Според Муцунски, тука не станува збор за билатералните односи со САД, туку за инвестирање во безбедноста, бидејќи без неа нема стабилност и без адекватна безбедност и инвестирање во неа, не само во Европа, туку и во реонот на Индо-пацификот и во други делови на светот немаше да опстојат општествата што ги создадовме.

– Тоа нема да биде лесно и ќе биде предизвикувачки процес, но е нешто кон што мора сите да се насочиме, истакна Муцунски.

Во однос на Украина, шефот на македонската дипломатија истакна дека цврсто верува оти актуелната Американска администрација има правилен пристап, насочен кон постигнување мир со учество на Киев и на сите сојузници од НАТО во тој процес.

– Верувам дека американската Влада е посветена на мир, но како претставник на една од помалите држави на масата, но и земја која е една од најголемите донатори по глава на жител на помош на Украина, можам да кажам дека помошта за Украина во различни форми секогаш беше поврзана со нашата одбрана, украинската одбрана, но исто така и со постигнување мир, рече Муцунски.

Тој нагласи дека на прославата на 76-годишнината од формирањето на НАТО, по вчерашниот состанок можеме да потврдиме дека Алијансата е посилна од кога било досега, што во голема мерка е поради посветеноста на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на постигнување мир во Украина и волјата нашите украински партнери да се заложат за мировно решение, како и на тековните напори на Франција, Велика Британија и останатите сојузници.

– Нешто што исто така беше позитивно вчера, беше ангажманот на новите американски колеги и можноста да разговараме со нив за предизвиците кои ги имаме, да ја поддржиме Американската администрација во тековните напори за постигнување мир во Украина, но, исто така, и да се ангажираме со нашите партнери во Индо-пацификот, бидејќи Русија е очигледната закана за која сите зборуваме, но поврзаност меѓу Русија, Кина, Северна Кореја и Иран исто така претставува екстремна закана за нашата безбедност, рече Муцуински.

Тој додаде дека од големо значење е и присуството на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на двата дена на состанокот, бидејќи како што нагласи односите меѓу НАТО и Европската Унија се фундаментални за мирот и стабилноста на нашиот континент и пошироко во светот.

Tags: безбедностаМуцунски
Next Post
Скриншот

Зошто економистите се згрозени од математиката на тарифите на Трамп

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk