ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

April 4, 2025 09:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор, како што велат, за нешто долго најавувано од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД. Дел од експертите, пак, велат дека воведувањето на царината ќе има мал индиректен ефект.

-Станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави. Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму, посочија од Владата по вчерашната објава на американскиот претседател Трамп за воведување царини за речиси цел свет, меѓу кои и 33 отсто за македонскиот извоз.

Нагласија дека веќе се воспоставени контактите со американската администрација и дека ќе продолжат на високо ниво, а Владата, како што посочија, ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. Воведувањето царини го оценија како обид за репреговарање на трговските односи во светот, нешто, како што велат, што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Според дел од експертите, пак, воведувањето на високата царинска тарифа на САД кон нашата земја ќе има индиректен ефект пред се врз автомобилската и петрохемиската индустрија во земјава. Тие се согласни дека земјава учествува со многу мал процент во увозот на САД, но дека глобалната економија влегува во една голема неизвесност што секако ќе се одрази и кај нас во делот на приливот на странски инвестиции. Велат дека државата треба да ги бара решенијата преку стратешки дијалог со САД за да се иницира преиспитување на царинската стапка и да се побара подобар третман.

Според универзитетскиот професор Трајко Славевски, станува збор за мал директен ефект што земјава би го имала затоа што учествуваме со многу мал процент во увозот на САД, речиси незначителен, а од друга страна САД се на 24 место на листата на наши трговски партнери. Нашите стратешки партнери како што е Германија, смета професорот Славевски, се повеќе погодени, а тоа секако ќе се одрази и врз нашата економија.

-За глобалната економија е многу битно што влегуваме во една голема неизвесност, а неизвесноста на некој начин е убиствена за бизнисот затоа што не можат да планираат за шест месеци, една година…. туку планираат години однапред. Тоа може да се одрази на приливот на странски инвестиции, положбата на странските инвеститори кај нас, дијаспората итн. Имено, влегуваме во фаза во којашто конечно се става крај на глобализацијата од економска гледна точка, смета професорот Славевски.

Извршната директорка на ЕОС Матрикс и претседателка на Европската бизнис асоцијација, Катерина Бошковски вели дека воведувањето на царините од страна на американската администрација ќе има значителен импакт особено кон земјите членки на ЕУ, а кај нас ефектите ќе бидат малку пролонгирани.

-Што се однесува до нашата економија, ефектите ќе бидат малце пролонгирани. Очекувам да бидат во подоцнежниот период. Но, ние мора да ги истакнеме нашите предности како економија и тука да работиме на внатрешно реорганизирање, особено во доменот на даночната и фискалната политика, подвлекува Бошковска.

Никица Мојсовска Блажевски, извршна директорка на „Macedonia2025“, смета дека воведените царини може да доведат до намалување на идните можни инвестиции од нашата дијаспора во САД.

-Споменав дека извозот не е толку голем – 110 милиони евра. Меѓутоа, секако ќе влијае врз одредени компании. Не очекувам дека тоа во моментов би го намалило доаѓањето на странските инвеститори, но, би рекла дека поголем е индиректниот ефект, односно ефектот што нашите компании го имаат преку извоз на одредени производи кон ЕУ, а потоа од ЕУ кон Америка. Исто така мислам дека ќе доведе до намалување на идни можни инвестиции од САД, особено зборам за нашата дијаспора од САД, којашто се почесто почна да отвора свои компании во Македонија, коишто примарно се со цел извоз во САД, вели Мојсовска Блажевска.

Анализата на „Finance Think“ покажува дека директните ефекти од воведените царини од САД ќе бидат многу мали, а ефектите ќе бидат индиректни и негативни, но нема да се почувствуваат веднаш,.

-Нашата трговија со САД е ограничена, главно поради географската оддалеченост. Во 2024, извозот во САД како удел во вкупниот извоз изнесуваше 1,4 проценти, што е многу мал удел. Од таа гледна точка, директните ефекти од зголемените царини ќе бидат многу мали, оценува „Finance Think“.

Сметаат дека притисок од американските царини ќе почувствуваат пред се странските компании кои работат во земјава затоа што скоро 90 проценти од извозот кон САД во 2024 година бил концентриран во 20-тина производи, при што освен автобусите кои имаат доминантно учество, уште неколку производи се врзуваат со работата на странските фабрики во ТИРЗ-овите.

Најзначајните последици, според „Finance Think“,  ќе се почувствуваат во автомобилската индустрија, особено за електричните возила (EVs), што е исто така значајно за земји како нашата кои се вклучени во автомобилските синџири на снабдување.

Tags: ВладаСАДцарини
Next Post

Приведен возачот кој со мопед удрил дете и избегал

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk