ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Да размислуваме за механизми каде нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната

April 5, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржува редовниот годишен состанок на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО, во кој членуваат шефовите и заменик-шефовите на националните парламентарни делегации. Состанокот со свои обраќања го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и шефот на Делегацијата Драган Ковачки, пренесе МИА.

Премиерот Мицкоски, осврнувајќи се на трагедијата во Кочани, истакна дека државава многупати ја докажала својата солидарност со други држави, но од друга страна не секогаш нашата татковина го добивала она што го очекувала.

-Нашата татковина во многу наврати ја докажа својата солидарност со останатите држави во светот. И во својот трнлив пат до целта направи многу отстапки, многу одрекувања, и многу од нив наидоа на дебата кај граѓаните, некои внесоа оправдано сомневање, но истраивме и ја покажавме својата лојалност кон вредностите кон кои и понатаму веруваме. Од друга страна не секогаш нашата татковина го добивала она што го очекувала, и таквата лојалност спрема нашите заложби се исполнувала. Тоа е чувството кое го има секој еден кон нас и секој еден граѓанин. Мислам дека е важно да се знае ова, ниту пак треба да се сокрие ова горко чувство кај секој еден Македонец, нагласи Мицкоски.

Премиерот исткана дека треба да се размисли за воведување механизми каде нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната и заедничка цел.

-Пријатели си помагаат, но и пријатели искрено си ги кажуваат своите чувства и забелешки. Сметам дека треба да се размисли и за воведување механизми каде нема да се дозволи билатералните спорови да бидат пречка во остварувањето на колективната и заедничка цел. Ако ние сите заедно ја чуваме куќата, тогаш и заедно имаме право да си ги кажеме нашите проблеми, разочарувања и очекувања. Ние ќе останеме лојален партнер, и заедно и посветено ќе работиме кон остварувањето на колективните цели, рече Мицкоски.

Според него, трагедијата во Кочани покажала дека солидарноста не е само збор, туку и дело што ги поврзува народите.

-Девет европски држави понудија помош веднаш по трагедијата во Кочани. Европската Унија пак, преку Механизмот за цивилна заштита координираше медицински евакуации на повредените до специјализираните болници во регионот. Оваа трагедија ни покажа дека солидарноста не е само збор, туку дело што ги поврзува народите, подвлече Мицкоски.

Во изминатите пет години, додаде тој, значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници.

-Работиме на подобрување на стратешкото планирање, цивилната контрола врз армијата, модернизацијата на опремата и транспарентноста во управувањето со одбранбените ресурси. Обуките се одвиваат според НАТО-доктрини, а новите институционални механизми нè прават поотпорни на хибридни закани. Сето тоа е одраз на нашата политичка волја и консензусот дека безбедноста и интегритетот на државата се врвен приоритет. Иако сме горди на постигнатото, свесни сме дека патот не завршува тука. Хибридни и сајбер закани, дезинформации, климатски кризи-сите тие бараат постојана адаптација и координација, посочи премиерот.

Мицкоски истакна дека регионалната соработка е клучна за стабилноста на Балканот. За нас тоа претставува одговорност и прилика да биде мост меѓу народи, меѓу институции, меѓу визии.

-Преку иницијативи како Јадранската повелба и билатерални партнерства со соседните држави, вложуваме во безбедност што не познава граници. Веруваме дека Балканот може и треба да биде пример за решавање на разлики преку дијалог и заемна почит, рече тој.

Министерот за одбрана Мисајловски рече дека состанокот на Постојаниот комитет, кој за прв пат се организира во Македонија, е силен сигнал на единство и потврда за нашите досегашни одлуки за зајакнување на сојузничката соработка, транспарентноста и парламентарната демократија.

-Пратениците се витален линк помеѓу претставниците на сите 32 парламенти и сме им благодарни за сета работа и посветеност во одбраната на заедничките цели и интереси. Остануваме посветени на стабилното инвестирање во одбраната, со издвојување на 2 проценти од бруто-домашниот производ и над 32 проценти од нив за една од најважните ставки – опремувањето и модернизацијата на Армијата, со што ја зацврстуваме националната и колективната одбрана, рече Мисајловски.

Next Post

МВР апелира до граѓаните да се наседнуваат на телефонски повици за лажни сообраќајки

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk