ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица предлага закон за денови на жалост

April 7, 2025 14:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на Левица до Собранието предложи Предлог-закон за денови на жалост.

-Последниот случај со трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 60 наши сограѓани – е болен потсетник колку оваа материја е важна и дека е неопходно да се уреди со закон. Со овој Предлог-закон бараме да се воспостави јасен, правичен и достоинствен систем за одбележување на деновите на жалост со цел да се покаже почит, солидарност и да изградиме култура на колективна емпатија во државата, рече пратеникот на Левица Амар Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Овој закон, како што појасни тој, нуди дефиниција и критериуми за прогласување на денови на жалост врз основа на опфатот и сериозноста на трагичниот настан, прецизна надлежност кој орган го носи решението, во кој рок и на кој начин, обврски за институциите и јавните сервиси за поставување на знамиња на половина копје, соодветна медиумска содржина, одложување на манифестациите што не се соодветни за ситуацијата.

-Ова е со цел заштита на достоинството, за да се спречат навредите, несоодветната употреба на јавниот простор и политичко профитерство од трагедиите, објасни Мециновиќ.

Со законот, како што нагласува пратеникот, нема да се ограничи правото на слободно изразување и приватно однесување, туку тој се однесува за државната, институционалната, јавната работа во тие домени.

– Ова е истовремено и покана за сите политички партии и општествени чинители, да се вклучат и да дадат мислење за оваа сензитивна материја за која мислиме дека ќе наидеме на широка поддршка во Собранието. Меѓу другото, ова наше предлог-решение, доаѓа врз основа на комуникација со медиумски работници и со работници во институциите, рече Мециновиќ.

Од Левица веруваат дека секое општество треба да постави рамка за тоа како да се однесува во моменти на колективна трагедија и болка.

-Во моменталната правна рамка постои сериозен законски вакум кога станува збор за уредување на деновите на жалост. Иако Владата има овластување да прогласи денови на жалост, како што и Законот за знамето предвидува тоа да биде ставено на пола копје –  нема јасни правила ниту санкции за непочитување на овој чин. Тоа остава простор за недолично и неетичко однесување, рече Мециновиќ.

Според него, во јавноста има злоупотреба од профитирање врз трагедијата преку сензуалистички медиумски настапи, до институции кои продолжуваат да функционираат како ништо да не се случило и политизација на деновите на жалост.

Tags: денови на жалостзаконЛевица
Next Post

Намален бројот на основци и средношколци во 2024/2025 споредено со претходната учебна година

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk