ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филков: Судскиот совет треба да реагира по реакциите за пресудата за Теодора

April 8, 2025 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе. Вака министерот за правда Игор Филков ја коментираше пресудата на судијата Ељведин Ферати кој вчера донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор.

По средбата со неговиот црногорски колега Бојан Божовиќ, во одговор на новинарско прашање поврзано со вчерашната пресуда, Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков.

Прашан како е дозволиво да суди судија кој беше критикуван поради сомнежи дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување, Филков кусо одговори дека е недозволиво и како што рече, прашањето треба да се постави до Судскиот совет.

– Апсолутно е недозволиво и затоа работиме на измените. Она што, за жал, ни се повторува е дека мораме да побрзаме за вакви случаи да нема во иднина. Прашањето може да го поставите до Судскиот совет, рече Филков.

И премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја разгледа работата на судијата кој ја донесе одлуката за двегодишната казна затвор за возачот кој ја прегази Теодора. Според премиерот, ваквата пресуда не е правда, туку целосно потфрлање на системот.

Пресудата за случајот на Теодора Ристевска предизвика силни реакции во јавноста. Многу луѓе изразија незадоволство и гнев на социјалните мрежи, сметајќи дека казната од две години затвор е премногу блага за сторителот. Семејството на Теодора е длабоко разочарано од пресудата. Дополнително, судијата Ељведин Ферати кој ја донесе пресудата беше критикуван поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврди неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот.

Tags: пресудатасудски советФилков
Next Post

„Филмско око“ - нова книга со филмска есеистика од Игор Анѓелков

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk