Европа е водечка светска индустрија за чиста технологија, но таа успешна европска приказна донесе предизвиците за бизнис секторот во ЕУ, како зголемени трошоци за енергија, недоволен пристап до финансии, нелојална глобална конкуренција и проблеми во набавката на ретки суровини, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќањето на Конференција за чиста технологија 2025.
– Ако Европа сака да продолжи да биде лидер, тогаш мора да дејствуваме сега. И тоа го прави оваа Европска комисија. Во последните три месеци испорачавме десет пакети за да ја направиме Европа поконкурентна, рече Фон дер Лајен.
Таа потсети дека ЕУ работи на мобилизирање повеќе средства за иновативните компании, на поедноставување на еколошките правилата за бизнис секторот без отстапување од поставените
климатски цели, како и на обезбедување пристап до ретките суровини за индустријата.
– Најсовремените чисти технологии се од витално значење за отпорноста на климата и заштитата на нашата природа. Обезбедувањето на нивни развој во Европа е од витално значење за нашиот просперитет, бидејќи чистата технологија значи претприемништво, значи висококвалитетни работни места и подбраа и поодржлива иднина за сите Европејци, додаде Фон дер Лајен во обраќањето.