Македонската велосипедистка Дуња Иванова изминатиот викенд учествуваше на маратонот во планински велосипедизам Garda MTB Marathon што се одржа покрај езерото Гарда, во Италија, а патеката ја делеше заедно со олимписки и европски првенки.
„Да ми кажеше некој пред пет години, кога и воопшто се посветив кон овој спорт, дека оваа пролет ќе ја делам патеката со неколку олимпијки, европски првенки и девојки од врвот на светската ранг листа, веројатно ќе се насмеев баш од срце. Денеска беше уште една привилегија да се учи од исклучителни возачи и достојно да се биде дел од тоа друштво. И тоа би било само фантазија без мојата екипа која од позадина ги прави нештата возможни и видливи. За мене, за нас, за македонскиот велосипедски спорт и за нови национални дострели“, пишува Иванова во објава на Фејсбук.
Фото: Д. Иванова.
Ј. Ѓ.