ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат за купениот недвижен имот на Левица

April 8, 2025 13:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– ЈО да истражи како Апасиев и Левица купиле дуќан од 1 милион евра за само 300 илјади?, на денешната прес-конференција побара Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Апасиев кој беше наводен жесток поборник против банките и извршителите на крај со нивна помош купи имот по 3 пати пониска цена од пазарната. Левица и Апасиев по стапките на братот на Груби се стекнаа со имот во центарот на Скопје по цена 3 пати пониска од пазарната. Дали Левица и Апасиев имаат договор под маса? Дали извршителот и банката анимирале доволен број потенцијални купувачи за дуќаните кој сега ги купил Апасиев? Зошто не биле анимирани граѓани кои земаат кредити и купуваат дуќани по далеку поскапи цени? Дали била избегната поширока анимација на заинтересираните страни, за Апасиев да го земе дуќанот за џабе? Левица и Апасиев се целосно демаскирани. Толку од аскетизмот и фолирањето. Сите гледаат како без грам двоумење Апасиев влезе во договор со банки и извршители да купи имот по 3 пати пониски цени“, истакна Манасиевски.

Апасиев, вели Манасиевски, не се колебаше да го направи тоа што илјадници Македонци кои не се претседатели на Левица не можат да го направат.

Претходно по однос на соопштенијата и прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со првиот стекнат недвижен имот на Левица, партијата достави соопштение, односно одговори на новинарски прашања по оваа тема кои беа поставени на прес-конференцијата на пратеникот и портпарол на Левица – Амар Мециновиќ.

Соопштението од Левица го пренесуваме во целост.

„Својата криминогеност ВМРО-ДПМНЕ не може да ја преслика на Левица – партиските простории се транспарентно и легално купени со хипотекарен кредит

Идејата за купување на простории дојде од деветгодишното постоење на Левица и сметаме дека е време да ги обезбедиме нашите први простории како политичка партија. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се криминалот кој тие го имаат создадено преку својата „бела палата” која чини 60 милиони евра и за која плаќаат над 10.000 евра сметки за струја месечно, знаејќи дека целата јавност има веќе оформено став за нивниот криминоген имот – пробаа таа флека да ја пресликаат на други партии, но неуспешно.

Премиерот мавташе со документите за овие простории како да се тајни, а всушност сите тие се достапни во катастарот за недвижности. Тие простории беа подолго време оставени празни и секој заинтересиран можел да ги разгледа и набави бидејќи беа изложени со натпис.

Ова е дел од една поширока “стратегија” на ВМРО-ДПМНЕ која ја гледаме во последните денови, во која напаѓаат синдикалци и сѐ она што се однесува на нив, пробувајќи да ги поистоветат сите други општествени чинители со нивната криминогеност за да пробаат да ја “израмнат работата” и да бидат повторно некако над сите.

Претставуваат како Левица да зела цела зграда, кули, хотели, а всушност земавме подрумски простории кои беа руинирани. И се работи за хипотекарен кредит кој е земен, не од банката која го нудеше овој имот, туку од друга банка – се обезбедија средства да се купат просториите и тие да се реновираат.  Ние не сме најбогатата партија во најсиромашната држава и ние нашите простории ги обезбедуваме на легален и многу транспарентен начин.

Во целата приказна со просториите, нема никакво посредство со извршител. Не се наоѓаме во морална стапица, сметаме дека идеолошки, прагматично и во пракса дека приватните извршители се погрешна работа и повторно ќе поднесуваме закони во врска со нив“, се наведува во соопштението од Левица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЛевица
Next Post
Маркет. Фото: Фронтлајн

ВЛЕН: Мерките на министерот Дурмиши имаат ефект, граѓаните чувствуваат олеснување во џебот

НАЈНОВО

Фото: Општина Кочани

Денови на кочанскиот ориз 2025 – во симболично издание

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ води црна кампања, со монтажи и спинови, да не дозволиме повторно да бидат власт

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk