ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“

April 8, 2025 09:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, додека односите во Владата се коалициски одлични, изјави вчера на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, пак, кој е дел од коалицијата „Вреди“ вчера прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен претседателот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари, за којшто рече „гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција“.

-Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави вчера Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

На прашањето дали е планирана реконструкција на Владата пред локалните избори, премиерот кусо одговори „Не“.

Премиерот повтори дека Владата функционира обединето и единствено. -Односите во Владата се коалициски одлични, рече Мицкоски.

Изминатите денови дел од медиумите објавија за превирања во коалицијата од албанскиот политички блок „Вреди“ и напуштањето на министерот за здравство Арбен Таравари од оваа коалиција.

Меџити вчера рече дека односите со министерот за здравство Таравари се добри и оти комуницираат, но сите, кажа,треба да имаат предвид дека „Влен е антипод на ДУИ“.

-Односите со министерот за здравство Арбен Таравари се добри и комуницираме, но сите треба да имаат предвид дека Влен е антипод на ДУИ, односно Коалиција која победи на претходните парламентарни избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот кампус. Ние работиме на таа промена до крај за тоа да го почувствуваат и граѓаните … Никој нема дилеми во Коалицијата, единствениот којшто има дилеми којшто гледа можност за соработка со Демократската унија за интеграција е господинот Таравари, затоа него ќе го прашате, но мислам дека Влен ги доби гласовите, 107.000 гласови како антипод и предводник на промените во делот на албанскиот кампус. Така што, никој нема дилеми освен Таравари којшто треба да расчисти со дилемите. Влен и соработка со ДУИ мислам дека е неприродно, нагласи Меџити.

Викендот, Таравари пред почетокот на партиското Собрание што се одржа во Гостивар, рече дека Алијанса за Албанците е дел од коалицијата „Вреди“ и дека ќе се трудат до крај да најдат решение, ако не, сами ќе одат на избори. Таравари децидно негираше можно коалицирање со поранешниот сопартиец Зијадин Села.

Меџити исто така рече дека во текот на оваа недела ќе има иницијатива за Коалицијата Вреди да биде една политичка опција.

Меџити посочи дека се водат разговори во рамки на Коалицијата за сите политички субјекти да се претворат и втопат во „Влен“ како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори.

Меџити отфрли било каква соработка со интегративците, бидејќи, како што рече, Вреди е нивен антипод, затоа би било неприродно тие да соработуваат со Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Во однос на листите за претстојните локални избори, Меџити посочи дека ставот на сите политички субјекти во Коалицијата е да има една листа, еден штаб и една програма, со оглед на тоа дека веќе постои иницијатива за сите партии во рамки на Коалицијата да се претопат во една политичка партија.

– Ставот на сите политички субјекти внатре во „Влен“ е да одиме со заеднички кандидати, заеднички листи, заеднички штаб, програма и платформа, дури негде каде што има анализа и проценка дека треба да испаднеме и надвор од Влен и да поддржиме независен кандидат и тоа ќе го направиме. Градоначалниците се избираат по мнозински модел, додека системот за листите ги фаворизира големите и нема никаква смисла кога веќе сме кај големите да преминеме кај малите, бидејќи тоа ќе значи расцепување на гласови кои ќе одат во прилог на Демократската унија за интеграција. Тогаш се поставува прашањето за кого работиме. Сите политички аргументи одат во прилог да одиме со заеднички листи, а имајќи предвид дека има веќе иницијативата за „Влен“ да се претопи во една политичка партија, нема никаква дилема дека Влен ќе има една листа, еден штаб и една програма, посочи Меџити.

Прашан дали се планира владина реконструкција пред локалните избори, тој кусо одговори дека теоретски можна е реконструкција на Владата, но, како што рече, ќе треба да се направи проценка за тоа кои се аргументите.

– Теоретски да, но ќе видиме и процениме кои се аргументите, изјави Меџити.

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

– Досега не сме имале понуда од „Влен“ за да бидеме една партија. Ако имаме, ќе одлучиме, но ако тие веќе одлучиле, им го даваме името – нека го задржат името „Влен“. Ние ќе останеме пет пратеника од Алијанса и ќе продолжиме како пратеничка група, но отворени сме за соработка со сите, изјави Таравари, негирајќи дека имал разговори со опозициската ДУИ.

За информациите дека добил понуди од „Влен“ и од ДУИ да има 35 отсто од советничките листи и пет кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, Таравари рече дека не преговарал со ДУИ, а од „Влен“ добил понуда, која повеќе може да ја нарече ултиматум отколку понуда.

– Не сум преговарал со ДУИ. „Влен“ ми пуштија повеќе би рекол ултиматум пред вчерашното Собрание. Јас никогаш не прифаќам ултиматуми, сакам разговори. Ние сме подготвени да разговараме со сите пред се со „Влен“ бидејќи до сега сме дел од „Влен“, но ако одлучат тие четири да одат без нас, ние тоа го прифаќаме, рече Таравари.

Во однос на тоа дали е на повидок реконструкција на Владата, Таравари се повика на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека такво нешто не се планира до локалните избори и дека односите во Владата се коалициски одлични.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владареконструкција

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk