ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Првиот осуден за геноцидот во Сребреница префрлен во естонски затвор, откако му е одбиено барањето за предвремено ослободување

April 11, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕГИОН

Радислав Крстиќ, поранешниот командант на Дринскиот корпус на војската на Република Српска, кој Хашкиот суд го прогласи за виновен за геноцид на повеќе од 8.000 Бошњаци во Сребреница, прогон како злосторство против човештвото и убиство како кршење на законите и обичаите на војната, осуден на 35 години затвор, ќе продолжи да ја отслужува казната во Естонија, соопштија од Резидуалниот механизам за кривични судови, јавуваат регионалните медиуми.

Крстиќ беше уапсен на 2 декември 1998 година и пренесен во притвор во Хаг,  беше осуден во април 2004 година, а во декември истата година беше префрлен во Обединетото Кралство на отслужување на затворската казна.

Во британски затвор, тој беше нападнат и ранет од затвореници, поради што во 2013 година беше префрлен во Полска, за да биде вратен во Хаг во ноември 2023 година, откако отслужи две третини од казната и Полска, според нејзиниот закон, ќе требало да го ослободи.

После тоа, владата на Естонија го извести хашкиот суд дека е подготвена да го преземе извршувањето на остатокот од казната, кој истекува на 23 ноември 2033 година, како што е објаснето во изјавата на Грациела Гати Сантана, претседателката на овој суд, кој е наследник на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (ICTY).

Крстиќ е првиот човек осуден за геноцидот извршен во Сребреница во јули 1995 година.

Тој постојано бараше помилување и предвремено ослободување, но претседателот на судот Гати Сантана ги одби тие барања.

Во својата последна молба, тој ја призна одговорноста за геноцидот во Сребреница и, меѓу другото, изјави дека знаел дека „некои членови на Главниот штаб имаат намера да извршат геноцид“, но дека тој персонал „немал доволно сила да ги изврши стрелањата“ без „употреба на Дринскиот корпус“, со кој Крстиќ командувал во тоа време.

„Ако еден ден бидам ослободен и ако претседателот на Механизмот се согласи со тоа и ако тоа го дозволат семејствата на жртвите, би сакал уште еднаш во животот да бидам во Поточари, да се поклонам на сенките на жртвите и да побарам прошка“, напиша Крстиќ.

Крстиќ, кој сега има 76 години, побара да се земат предвид неговите сериозни здравствени проблеми, како што наведува во пријавата.

Тој изјави дека боледува од бројни хронични заболувања, дека трпи значителни болки поради оштетени крвни садови и атрофија по ампутацијата на ногата, дека боледува од анемија и висок холестерол и дека има сериозни проблеми со срцето.

„Сè уште не сум убедена дека тој покажа доволна рехабилитација“, изјави претседателката на хашкиот суд, Грасиела Гати Сантана, отфрлајќи го неговото барање за предвремено ослободување во февруари оваа година.

Силите на армијата на Република Српска убија повеќе од осум илјади бошњачки мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година. Повеќе од 50 луѓе беа осудени на околу 700 години затвор за геноцид и други злосторства во регионот на Сребреница.

Меѓу другите, на доживотен затвор беа осудени воениот претседател на РС и врховен командант на Армијата на РС, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Д. Т.  / Цивил Медиа

Tags: геноцидосуденСребреница
Next Post

Според Брнабиќ, новата српска влада ќе биде избрана на 18 април

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk