Папата Франциск го продолжува домашното лекување по неколкунеделна хоспитализација поради пневмонија, а клиничката слика покажува постепено подобрување на моторниот и респираторниот систем, соопшти денеска Ватикан.
Папата сега може да не користи маска за кислород долго време, а високопроточен кислород користи „првенствено за терапевтски цели“, пренесува „Ватикан Њуз“.
На неодамнешната средба со британскиот крал Чарлс, папата не мораше да користи маска за кислород, а тој продолжува со работните активности и може да чита документи и да има состаноци со соработниците, додаваат од Ватикан.