ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ѓорчевски: Не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, какви сѐ небулози не слушнавме за време на истрагата

April 11, 2025 14:56
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на целата истрага се обидував на суптилен начин да ги наведам на правиот пат. Што сѐ не кажуваа, какви сѐ небулози не слушнавме за време на истрагата, изјави таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.  На денешното судење за убиството на Вања и Панче, Ѓорѓевски на прашања на обвинителството сведочеше за истрагата. Тој ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, истакнувајќи: „Таму каде што бев присутен во присуство на полицијата, не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, единствена надеж наоѓав во „Сејф Сити“.

Тој ги негираше наводите што, како што сподели, полицијата ги наметнувала, дека Вања се регрутирала за ИСИС во Шведска, или, пак, дека заминала за Тетово.

– Детенцето Јоаким од Шведска лично го познававме и Зорица и јас, не останавме ништо на случајност, ги следевме со кого контактираа, а и јас лично имам разговарано со тоа дете. Зорица сметаше дека Вања има кул татко, и често кога зборуваше со нив, ме викаше мене да ѝ кажам како да напише на српски или англиски во поглед да им одговори на некоја нивна шега, рече тој.

Во однос на прашањето дека на средба со началникот Музафер и сведокот Гоце пред зградата на Наум Наумовски Борче на која според сведокот Музафер рекол дека детето е киднапирано и убиено, одговори „Во ниту една момент не сум помислил ниту сум сакал да помислам дека Вања е убиена“.

На прашањата во врска со склучениот договор за дар на недвижен имот на 10.4.2023 година, односно зошто не го проследиле кај нотар и не е извршена негова солемнизација, одговори дека ги преземал сите обврски за на крај да се средат документите.

– Не е така, и самите кажавте колку сѐ активности сум преземал, односно, со еден збор, целиот товар го преземав за на крај да добиеме производ со сите средени документи кои треба да се солемнизираат. Ме претставувате како монструм и ме понижувавте, мене и целото семејство, за кое цинично говоревте дека ништо не сме работеле. Ако сум сакал, ако сум бил таков човек, ќе сум ѝ дал на Зорица негативен одговор, немало да дозволам таков трансфер, згора на сѐ да го препишам и мојот стан на едно од децата, и становите наместо да биде прибрана документација за префрлање во вид на дар за децата, рече тој, дополнувајќи „не знам каква поврзаност има овој момент со овој настан и со овие луѓе другиве присутни во судницата“.

Прашан дека на 27.11.2023 ги известиле дека воделе паралелна истрага со Гоце за Цитроенот. „Од доказниот материјал произлегува дека вие, а не Гоце, сте му пратиле скрин шот од Цитроенот од камерите на фризерницата на началникот Дејан Димовски за да го погледне истото, но во истата комуникација, му велите „Сега ќе ви го најдам од Лукоил на Партизанска, времето е таман овој да дотрчал до таму, Цитроенот е празен запален, иде после комбево, некоја минута попосле и праќате скриншат од бело возило како комбе. Прашањето е, мислевте ли на Рено кангу?“, праша обвинителката.

-Се сеќавам на таа ситуација, имаше едно младо дете кое што трчаше со ќеса во рака, со Гоце помисливме дека чувал стража и дека трча накај комбето или Цитроенот. Не, не мислам на Рено кангу. Мислам на бело комбе огромно. Не се сеќавам дека сум му ја пратил на Дејан, ако белите дека постои таква конверзација, сигурен сум дека сте во право, рече тој.
Ѓорчевски беше прашан и за тоа дали кога Гоце му кажал дека го видел Цитроенот на социјалните мрежи го известил дека Цитроенот веќе од страна на полицијата е утврден дека е Цитроенот на исчезнатиот велешанец и дека истиот е пронајден запален во село Бразда на 27.11.2023, одговори „Прво дознавме од Сејф сити за Цитроенот, потоа имаше по социјалните мрежи за велешанецот, па потоа дека е запалено возилото. Тоа беше во размак од неколку дена“.

Прашан како успеал да заштеди со плата нешто повеќе од 28 илјади денари, одговори дека таа се акумулирала.
– Заштедата се акумулираше до моментот на давање на отказ, од тековните плати, од кириите од станот што го рентавме и од продажба на една парцела, плац, во атарот на село Кучково, рече тој.

Во првиот дел од судењето Ѓорчевски одговараше на вкрстени прашања од обвинителката, преку кои таа го испитуваше во однос на неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа.

Во своите одговори, Ѓорчевски повторно потврди дека не го познава Љупчо Палевски лично, туку разбрал за него кога бил актуелен објектот Тифани. Тој потврди дека бил зависник на наркотична дрога хероин, за која, како што рече, ја консумирал назално.
Судењето продолжи со испитување на Ѓор;евски од страна на обвинетиот Љупчо Палевски.

По Ѓорчевски, треба да биде сослушан и обвинетиот Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: двојно убиствосудење

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk