ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

(ВИДЕО) Кочоска од „Кој е следен?“: Не сме тука да рушиме држава – тука сме да си ја вратиме

„Ние не сме тука за нив. Ние сме тука за сите нас. Не сме тука да рушиме држава – тука сме да си ја вратиме“, порача Билјана Кочоска од иницијативата „Кој е следен?“ на протестот пред Кривичниот суд во Скопје.

April 11, 2025 12:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашниот протест организиран од иницијативата „Кој е следен?“, кој започна пред Владата, продолжи пред Собранието и заврши пред Кривичниот суд во Скопје, Билјана Кочоска со ироничен и остар тон одговори на обвинувањата упатени кон иницијативата и граѓаните што протестираат против институционалната неказнивост и бараат правда за жртвите во досегашните трагедии кои се случени како последица на нефункционалноста на системот.

Фото: Фронтлајн

„Добре дојдовте на собирот на лешинари, глодари, некрофили и аматерски уценувачи на трагедии. Да, тука сме!“ – рече Кочоска. „Зошто? Па затоа што, според некои, ние уживаме во туѓа болка. Барем така велат тие што веќе со години болката ја претворија во своја дневна рутина.“

Таа посочи дека протестирачите се деградирани, етикетирани и исмеани, само затоа што јавно бараат одговорност.

„Ние не сме обични граѓани. Според нив, сме некаква хибридна ѕверка – тајна секта, странска служба и политичка НВО, со буџет колку една сметка за струја. Ние не бараме правда, туку крв. Не сакаме безбедност, туку власт. Така викаат. Неспоиво е, според нив, едноставно да ти е доста“, додаде таа.

Во своето обраќање Кочоска се осврна и на често повторуваната теза дека протестите се финансирани од надвор.

„Да, сите ние што работиме, сме, наводно, платеници. Со плати што едвај стигаат до крај на месец. Но еве една разлика: ние сме платени за работа. Тие – платени од сите нас – за да го средат системот. А не го средуваат. И замислете ја иронијата: оние што не мрднуваат прст, нè нарекуваат нас платеници затоа што сме си ја платиле сметката и сме дошле на протест.“

Кочоска упати критика на стереотипите и стравот од секоја организирана граѓанска иницијатива:

„Во Македонија, полесно е да го замислиш крајот на светот, отколку политичко движење што не е партија. Ако си гласен – си партија. Ако се организираш – си закана. Ако спомнеш жртва – ја злоупотребуваш. А ако мочаш – тогаш си нормален. Но ние не сакаме да бидеме нормални во ненормален систем.“

Таа испрати јасна порака за причините поради кои граѓаните повторно излегоа на улица. Продолжувајќи со своето обраќање, Билјана Кочоска нагласи дека зад ова движење не стојат тајни структури, туку луѓе со професии, совест и одлучност.

„Ние во ‘Кој е следен?’ сме економисти, правници, психолози, комуниколози, АЈТИ инженери, кодери, доктори, учители, урбанисти и архитекти. Немаме партиски штаб, немаме скриена агенда. Имаме совест. Имаме очи. И гледаме што нечини“, рече таа.

Кочоска предупреди дека проблемите во системот не се замисла, туку секојдневна реалност која оставила длабоки последици.

„Овој систем не е теорија, тоа е реалност што нè убива. Полека, тивко и секојдневно. А тие што треба да го средат – ни се смејат, нè навредуваат, нè оцрнуваат“, рече таа, истакнувајќи дека протестот е повик кон сите што чувствуваат неправда.

„Ние не сме тука за нив. Тука сме за сите нас. Не бараме фотељи – бараме правда. Не сме гладни за моќ – гладни сме за сигурност. Не сме тука да срушиме држава – тука сме да си ја вратиме.“

На крајот од своето обраќање, Кочоска упати порака до сите скептици и критичари на иницијативата.

„И до сите што уште мислат дека сме марионети – ви оставам едно прашање: ако ние не сме тие што требаат да го сменат ова, тогаш зошто толку ни се плашат? Зошто треба да ги кажуваат сите овие невистини за нас?“ – праша таа.

Кочоска порачa дека ова не е крај, туку почеток.

„Ова не е крајот на светот. Ова е крајот на молкот. И ние започнуваме денес.“

Со зборови на благодарност до сите присутни, протестот официјално беше одјавен, но Кочоска подвлече дека борбата продолжува.

„Благодариме на сите што имавте храброст, и покрај сите напади што ги доживеавме овие недели, да дојдете, да нè поддржите и да се борите за оваа држава и против овој систем. Го одјавуваме овој протест, но нашата борба продолжува. И ги повикуваме сите што сакаат – да ни се придружат.“, заврши Кочоска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frontline.mk (@frontlinemk)

На почетокот од протесто пред Владата, претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, изјави дека денешниот протест е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и поднесени до Владата, но како што рече, властите повеќе посветуваат внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањата.

Барањата на Иницијативата се имплементирани во проектот наречен „Визија 0”, рече Митревска.

– Конкретно барањата уште претходно ги претставивме, тоа се еден број на кој ќе ги добиеме сите инспекторати истовремено, имаме барања за безбеден град, светлосна сигнализација, граничници на тротоари, тоа е еден цел проект наречен „Визија 0”, кој има 20 барања, рече Митревска.

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Билјана КочоскаКој е следен?протест

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk