ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Хипер: Не треба да и се дава легитимитет на руската инвазија врз Украина со присуство на парадата во Москва на 9 мај

April 16, 2025 14:34
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во сегашниот контекст Русија го користи одбележувањето на крајот на Втората светска војна за да ја оправда својата агресија врз Украина, така што е важно да не се дава легитимитет на тоа со учество на вакви настани, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер во врска со најавите за присуство на словачкиот премиер Роберт Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај во Москва.

– Всушност имаме и одлука на Советот за ова, со која земјите членки, вклучително и Словачка, во 2022 година се согласија до одбијат такви покани, додаде Хипер.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, на прашање дали евентуалното присуство на Вучиќ на парадата во Москва би имало влијание врз Србија и нејзиниот европски пат, портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие изјави дека не би сакал да шпекулира што би можело да следи по ваква посета.

– Она што можам да го кажам е дека Србија аплицираше и преговара за нејзино членство во ЕУ. Ваквата одлука на Србија имплицира дека земјата треба да се усогласи со ЕУ, вклучително и во однос на надворешната политика. Така, ЕУ сака Србија да биде сигурен европски партнер за заедничките принципи, вредности, безбедноста и просперитетот и потребно е Србија да не увери во ваквата стратешка позиција, рече Мерсие.

На прашање дали е подготвен „некаков одговор или казна“ за Фицо доколку присуствува на парадата во Москва, заменичката главна портпаролка на ЕК, Аријана Подеста кусо одговори дека не е во надлежност на Европската комисија да ги казнува шефовите на држави или влади.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во понеделникот на прес-конференцијата по завршувањето на Советот за надворешни работи во Луксембург изјави дека министри од повеќе земји членки на Унијата порачале дека секое евентуално учество на претставници на државите од Западниот Балкан на парадата на 9 мај во Москва, нема да биде прифатено благонаклоно од европска страна, имајќи предвид дека сега Русија води тотална војна во Европа.

– Многу јасно ставивме до знаење дека не сакаме ниту една земја кандидат да учествува на овие настани на 9 мај во Москва. Пораката беше многу јасна, изјави Калас.

На ваквата изјава вчера реагираше словачкиот премиер Фицо оквалификувајќи ја како „непочитување“ и „закана“.

– Одам во Москва на 9 мај. Дали предупредувањето на г-ѓа Калас е форма на уцена или е навестување дека ќе бидам казнет по враќањето од Москва? Не знам. Но, знам дека е 2025 година, а не 1939 година, наведе Фицо во објава на социјалните мрежи.

Фицо додаде дека „предупредувањето“ на Калас потврдува оти на ЕУ и е потреба дискусија околу суштината на демократијата и за тоа „што се случи во Романија или во Франција околу претседателските избори и за „Мајданите“ оркестрирани од Западот во Грузија или Србија“.

– Би сакал да ве информирам дека јас сум легитимниот премиер на Словачка – суверена земја. Никој не може да ми диктира каде смеам или не смеам да патувам. Ќе одам во Москва да им оддадам почит на илјадниците војници на Црвената армија кои загинаа во ослободувањето на Словачка, како и на милионите други жртви на нацистите, исто како што им оддадов почит на жртвите на десантот во Нормандија, на Пацификот или како што ќе ја наведнам главата во чест на пилотите на РАФ, наведе Фицо во објавата.

Next Post
pance toskovski

Тошковски ја ишка сопствената системска сенка

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk