ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

April 16, 2025 13:04
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Десет полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“ против 10 лица, полициски службеници, информираат од МВР.

Кривични пријави добиле П.С. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник во СВР Штип), Ј.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), С.Д. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип), М.С. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на одделение во Одделение за полиција во СВР Штип), Љ.Т. (во време на извршување на кривичното дело на работно место началник во СВР Штип), В.П. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор по сообраќајни работи во Одделение за полиција во СВР Штип), Д.А. (во време на извршување на кривичното дело самостоен инспектор за јавен ред и мир во СВР Штип), А.А. (во време на извршување на кривичното дело на работно место помошник началник на СВР Штип), В.И. (во време на извршување на кривичното дело на работно место документарист во ПС ОН Кочани во СВР Штип) и А.Т. (во времето на извршување на кривичното дело на работно место командир на ПС ОН Кочани).

Првопријавениот П.С. на 7 декември 2012 година потпишал акт и истиот го доставил до Министерство за економија со кој дал согласност дека кабаре „Пулс“ поседува елаборат за заштита од пожари и опасни и експлозивни материи и ги исполнува законските услови во делот на сообраќај со што придонел на правниот субјект ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани од страна на Министерството за економија да му биде издадена лиценца за вршење на угостителска дејност на кабаре “Пулс“ од 13 декември истата година.

Второпријавениот Ј.Т. и третопријавениот С.Д. на 10 февеуари 2018 година доставиле мислења и не извршиле целосна проверка пред да ги изготват мислењата и согласноста, каде спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност констатирале дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај.

-Четвртопријавениот М.С. и петтопријавениот Љ.Т. иако знаеле и биле должни да знаат дека кабаре „Пулс“, претставувано од ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани не ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај, на 10 февруари 2018 и 24 јануари 2019 година одобриле и потпишале известување до Министерството за економија во кое е констатирано дека се исполнети законските услови  во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај. Шестопријавениот В.П. на 24 јануари 2019 и 21 јануари 2022 изготвил акт до Министерството за економија со кој доставил известување и констатирал дека кабаре „Пулс“ ги исполнува законските услови во делот на сообраќај на начин што не ги извршил потребните проверки со кои би утврдил дека не се исполнети  законските услови за давање на согласност во делот од сообраќајот, информираат од МВР.

Седмопријавениот Д.А., пак, на 21 јануари 2022 година изготвил акт со кој на ДППТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани – кабаре „Пулс“ му издава согласност за вршење на угостителска дејност и истото го доставил до Министерство за економија, спротивно на член 6 став 3 од Законот за угостителска дејност. Иако знаел дека во кабаре „Пулс“ имало нарушувања на јавниот ред и мир, не извршил никакви проверки, туку се повикал на одговорот од ОВР Кочани во однос на нарушувањата на јавниот ред и мир, во кој пак не била правилно отсликана вистинската фактичка состојба, по што констатирал дека кабаре „Пулс“ ги исполнува законските услови  во делот на јавен ред и мир и сообраќај.

Осмопријавениот А.А. и второпријавениот Ј.Т. на 21 јануари 2022 година одобриле и потпишале известување до Министерството за економија, во кое е констатирано дека се исполнети законските услови  во делот на заштита на јавен ред и мир и сообраќај.

Деветтопријавениот В.И. на 21 јануари 2022 година изготвил телеграма во која наместо да даде точни и целосни податоци дека во кабаре „Пулс“ и во близина на истото кабаре има пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела, истиот дал податоци само дека во кабарето, односно во правното лице ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани во 2021 година имало едно нарушување на јавниот ред и мир, а истиот иако знаел дека има нарушувања на јавниот ред и мир и пријавени кривични дела во 2019 и 2020 година, не дал никакви податоци за истите.

Десеттопријавениот А.Т. иако знаел и бил должен да знае дека има повеќе пријавени нарушувања на јавниот ред и мир во близина на кабаре „Пулс“, истиот вака изготвената телеграма ја контролирал, одобрил и потпишал со своерачен потпис.

-Со чинење на наведените дејствија, пријавените како службени лица овозможиле правното лице ДПТТУ „Класик ДМ“ ДООЕЛ Кочани да се стекне со лиценца за вршење на угостителска дејност – кабаре „Пулс“ во Кочани на начин што не постапиле според прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна проверка пред да биде издадена позитивната согласност за издавање на лиценца за кабаре, со што предизвикале опасност за животот и телото на луѓето на место каде што се собираат поголем број луѓе, при што на 16.03.2025 во кабаре „Пулс“ настанат е пожар во кој животот го загубија 61 лице, велат од МВР.

Од пријавените, лишени од слобода се шест лица, по едно се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Украински дронови уништија три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана на аеродромот во Крим

June 28, 2025

Над 69.000 пријавени дека бараат работа во Албанија, а во шпицот на туристичка сезона недостигаат 20.000 работници

June 28, 2025

Димитриеска – Кочоска: Во првата година покажавме дека знаеме и можеме, продолжуваме транспарентно и домаќински

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk