Нетфликс објави трејлер за новиот шпионски трилер „Екстериторијално“ (Exterritorial), со којшто ветува акција, напнатост и интриги. Филмот е сместен во светот на меѓународната дипломатија и ја следи Сара – поранешна припадничка на специјалните сили, чиј живот добива необичен и опасен тек при посета на американскиот конзулат во Германија, кога нејзиниот син исчезнува без трага…
Освен француско-германската глумица во главната улога – Жан Гурсо, во ова остварување глумат и Дугреј Скот, Нина Лиу, Анабел Манденг, Кајоде Акињеми, Лера Абова итн. Режисер и автор на сценариото е Кристијан Зуберт.
Филмот е во германска продукција и ќе се прикажува на Нетфликс од 30 април.