ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Тошковски ја ишка сопствената системска сенка

Она што напиша министерот на Фејсбук има право да го бара секој граѓанин на оваа држава, но не и тој. Тој, сакал-нејќел во моментов, заедно со неговиот Мицкоски е ГЛАВНАТА КАРИКА на овој СИСТЕМ и редот е така да се однесува, а не да ја ишка сопствената системска сенка и да се прави недоветен.

April 16, 2025 14:45
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
pance toskovski

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Панче Тошковски, адвокатот на Мицкоски кој ја обавува министерската функција во МВР, ни се обрати на Фејсбук како човек кој води министерство — но не на оваа, туку некоја паралелна Македонија во која ВМРО-ДПМНЕ никогаш не владееле, а тој не е дел од Системот. Тошковски, со доза „херојска саможртва“, ни соопшти дека опозицијата се здружила против него – демек затоа што правдата конечно зачукала на вратата. Никако оти чувствува некаква одговорност за трагедијата во Кочани.

Тој, имено, со тривијални популистички финти прави политички театар.

Она што напиша министерот на Фејсбук има право да го бара секој граѓанин на оваа држава, но не и тој. Тој, сакал-нејќел во моментов, заедно со неговиот Мицкоски е ГЛАВНАТА КАРИКА на овој СИСТЕМ и редот е така да се однесува, а не да ја ишка сопствената системска сенка и да се прави недоветен.

Во неговиот „огнен“ говор на Фејсбук, Панче вели дека правдата била конечно тука, и тоа благодарение на… него. Тој драги мои, замислете, се доживува како „новиот храбар борец против неказнивоста“. Заборавете на тоа што гони само бивши функционери и никако актуелни именувани од него и од сегашната влада. Ете така тој е позната по „бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата“.

Опозициските партии се претставени како чудовишта од минатото, кои гушат со загаден воздух, производство на трагедии и чување чизми по тавани. Заборава да спомне Тошковски дека тие чизми некогаш шетаа рамо до рамо со неговото ВМРО. А некако токму во тие времиња Панче не пишуваше манифести за морална прочистеност, туку тивко ја градеше кариерата во ВМРО-ДПМНЕ како адвокат на Мицкоски. Во статусот на Фејсбук Тошковски избриша цела една декада на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не постои за него, Тој единаесетгодишен вмровски режим мораме да го заборавиме, убеден е Тошковски.

Панче ги напаѓа сите кои му се наоѓаат на патот како предавници на народниот гнев, бидејќи, замисли, критикуваат систем во кој ВМРО-ДПМНЕ учествува. Каква дрскост! Тој гнев сега очигледно е монопол на ВМРО-ДПМНЕ. Ексклузивното право за фрустрација го има само владејачката партија. Никако граѓаните!

Ние граѓаните и медиумите што сме за неселективна правда и што бараме одговорност од сите бивши и сегашни, сме глодари, полноглавци и лешинари како што нè нарекува и неговиот Мицкоски.

Најтажно од сè: министерот зборува како човек што доаѓа од некоја третa сила, не како министер од истата таа ВМРО-ДПМНЕ што 11 години ја шминкаше заробената држава, која ги одгледа сите тие судии од тефтерчињата во Белата палата. Тој, Тошковски, не поднесува оставка, и пострашно – не чувствува ни морална одговорност за вакви страшни трагедии кои се случуваат во негов мандат на министерување.

Но дај да не бидеме злобни. Панче нè увери дека ова не е само политичка борба, туку “битка за враќање на државата кај граѓаните”. Е сега, дали тоа значи кај истите оние граѓани кои беа следени, тепани, прислушувани и понижувани од неговите партиски пајташи, тоа не го кажа.

Сценографијата е стара, актерите се исти, а драмата – добро позната.

Борбата продолжува!


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Јане ЃорѓиоскиПанче ТошковскиСистем

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk