ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РТС не емитуваше утринска програма и дневник, продолжува блокадата на студентите

April 17, 2025 09:43
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија доцна синоќа писмо до Одборот за култура и информирање во кое ги известуваат дека блокадата и протестот пред РТС ќе продолжат се додека не објават јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ (регулаторно тело за електронски медиуми), јави дописникот на МИА од Белград.

„Ви се обраќаме како надлежна институција која согласно Законот за електронски медиуми е должна да објави јавен повик за номинации за членови на Советот на РЕМ, најрано шест месеци, а најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на членот на советот“, се посочува  во писмото до таа комисија.

Тие констатираа и дека „со оглед дека целиот процес на избор на членови на Советот на РЕМ бил проследен со непочитување на законите и процедурите, како и со нетранспарентност, што резултирало со повлекување на кандидатурите на дури седум кандидати, кредибилитетот и легитимноста на самиот процес биле доведени во прашање“.

„Ова од Вас, Комисијата за култура и информирање, бараме да го повторите процесот на избор на членовите на Советот на регулаторното тело, со откажување на претходниот Јавен повик и објавување на нов, со транспарентен процес пред јавноста“, нагласуваат во писмото.

Тие нагласуваат дека протестот пред РТС ќе трае се додека УО не го објави Јавниот повик за избор на членови на Советот на РЕМ.

Утринската програма, што се емитува секој ден, утринава во 6 часот не започна на Радио и телевизија на Србија (РТС). Немаше ниту дневник во 7 часот. Вести беа емитувани во 6 часот без спикер/водител со однапред снимен материјал.

RTS nije emitovao jutarnji dnevnik❗️
RTS je blokiran❗️ pic.twitter.com/aBxnvpCVsz

— ZaNašKej (@ZaNasKej) April 17, 2025

И утрово во Белград трае блокадата на објектите на РТС која студентите и граѓаните ја почнаа во понеделникот во 22 часот.

На социјалните мрежи се појавија видеа дека вработените на РТС утринава стигнале до извесен спореден влез, без полициска придружба, но не успеале да влезат во зградата на телевизијата.

Стотици студенти и граѓани третата ноќ ја поминаа пред РТС во центарот на Белград на улицата Таковска, што е блокирана од понеделникот во 22 часот.

Студентите објавија на социјални мрежи утрово дека немало обид за спроведување  на работни места на вработени во РТС.

„Од понеделникот во 22 часот трае незаконската блокада на објектите на Радио и телевизија на Србија поради што вработените се оневозможени да влезат на своите работни места, РТС го прилагодува програмскиот распоред поради тешките услови за работа“, објавија од РТС на Х.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: РТССрбијастуденти
Next Post

Израелскиот премиер нареди „продолжување на напорите“ за ослободување на заложниците во Газа

НАЈНОВО

Скриншот

Се подготвува отворањето на граничниот премин Рафах со Газа за луѓе

October 16, 2025
Фото: МИА

„Game Dev Rev“ – интернационална конференција за развој на видеоигри во Скопје

October 16, 2025

Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање во М-НАВ

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за фотографиите со Црвенковски: Само ќе го цитирам со неговата позната изјава – Или си СДСМ, или не си

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk