ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Намирници корисни за бактериите во цревата

April 22, 2025 20:23
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата.

Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во обновувањето на количината корисни бактерии, ги намалуваат воспаленијата и го подобруваат задржувањето хранливи материи. Меѓу корисните намирници се издвојува, на пример. авокадото, бидејќи содржи многу здрави масти и диетални влакна што ја подобруваат функцијата на цревата и го поттикнуваат растот на корисни бактерии.

Редовното јадење авокадо ги регулира и распоредува хранливите материи, ги намалува воспалителните пројави и придонесува за чувство на ситост без оптоварување на дигестивниот систем.

Покрај авокадото, и киселата зелка е една од намирниците богати со пробиотици – корисни бактерии што го подобруваат здравјето на цревната флора. Покрај тоа што придонесува за подобро варење, може да помогне и во намалување на воспаленија и за зајакнување на отпорноста на телото. Во мали количини како прилог во оброк, киселата зелка има корисна поддршка за системот за варење.

Исто така, процедениот јогурт помага во одржувањето здрава рамнотежа на бактериите во цревата. Кога се јаде без додаден шеќер, овој вид јогурт е совршен извор на пробиотици, а истовремено ја обезбедува и потребната доза протеини.

Натаму, и бобинките, особено боровинките се богати со антиоксиданси и соединенија со антиинфламаторно дејство, но и го поттикнуваат растот на корисни бактерии во цревата. Грст боровинки во секојдневната исхрана може позитивно да влијае на рамнотежата на Вашиот микробиотски состав, а истовремено и да уживате во нивниот посебен вкус.

Tags: бактериинамирници
Next Post

Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари

Shortcut

Најново

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk