ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герасимовски: Со тимот зад мене и сработеното заслужуваме уште еден мандат

April 23, 2025 14:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во утринската емисија „Студио 10“ на Телевизија 24 истакна дека оваа пролет и лето ќе бидат исклучително активни, со бројни нови проекти и активности.

„На 8 мај свечено ја отвораме новата градинка “Пролет” – модерна, урбана и една од најубавите градинки во државата“, рече Герасимовски, најавувајќи и реконструкција на неколку улици, завршна фаза на обновувањето на паркот во Капиштец, санација на детски игралишта и поставување нова урбана опрема.

Општината планира и уредување на зелените површини во текот на летото, а еден од клучните капитални проекти е и реконструкцијата на спортската сала Работнички во Градскиот парк.

„По многу години, салата конечно е во сопственост на општината и работиме интензивно, планираме во септември да ја пуштиме во употреба“, нагласи градоначалникот Герасимовски во интервјуто за ТВ 24.

Герасимовски најави реконструкција на повеќе улици и коловози како дел од инфраструктурните зафати што ќе се реализираат во текот на сезоната.

„Буџетот на општината е најголем досега, и финансиски сме во одлична кондиција. Немаме никакви финансиски проблеми, ниту како општина, ниту со јавните претпријатија. Нашето претпријатие ,,Паркинзи на Општина Центар” работи во позитива и тоа е доказ за стабилноста во работењето“, додаде тој.

Запрашан дали ќе се кандидира за уште еден мандат, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изјави: „Имаме енергија, искуство и силен тим кој е подготвен да продолжи и во следните четири години. Веќе се подготвува одлична програма со голем број нови проекти, насочени кон подобрување на секојдневието на граѓаните. Завршуваме со реализација на капиталните проекти што ги ветивме, и верувам дека граѓаните го препознаваат и го ценат сето она што го направивме досега”.

Тој појасни дека во моментов се спроведуваат анкети за мислењето на граѓаните. „Ако добиеме позитивен сигнал, планирам повторно да се кандидирам. Имаме механизми да детектираме што им е потребно на Центарци, за тоа  добиваме повратни информации и од урбаните заедници. Заедно ќе го креираме патот понатаму“, рече Герасимовски за ТВ 24.

 

Tags: ГерасимовскиОпштина Центар
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Втората сезона на „Wednesday“ ова лето на Нетфликс, во два дела

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk