ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинетиот Палевски за убиствата на Вања и Панче тврди дека доказите на обвинителството се фалсификат

April 23, 2025 12:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски. Во својот исказ, тој денеска повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.

Палевски во одговор на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, посочи дека сведокот Ерол Османи дал неточни информации за датумот на поправка на неговиот котел, тврдејќи дека работата била завршена на 28 ноември 2023 година. Според Палевски, тој тогаш не бил присутен во Бутел и таквата интервенција се случила на 22 ноември.

-Физички е невозможно јас на 28.11.2023 да бидам во Бутел и да поправам котел еден час, иако тврдам, сервисот траеше повеќе од два часа. Се работи за склоп од десет запчаници, што се викаат редуктор кој беше блокиран и морав да го отворам целиот и да ги преведам одново записниците за да тој механички склоп работи, рече тој.

Палевски ова го поврза со тоа што, како што рече, „базни станици во извештајот на Телеком не постојат ниту на 28, ниту на 22, што значи котелот на Ерол Османи е невозможно да бил поправан“.

Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати.

-Фалсификатите во оваа истрага се очигледни, а во овој случај на Ерол Османи, грешката која ја направило ОЈО е што прво го сослушала Ерол Османи, му зела изјава, напишала обвинение со лажна изјава со која се негира 22.11.2024 како критичен ден, моето тврдење дека на тој ден е правен сервисот, а вештачењето на телефонот е направено многу подоцна по моето доаѓање и екстрадиција од Република Турција, тоа е грешката со која јас го докажав овој лажен исказ, рече Палевски.

Прашан дали го познава Панче Жежовски, одговори негативно. Негираше каква било поврзаност со оштетениот Жежовски, нагласувајќи дека никогаш немал контакт со него, ниту директно ниту индиректно.

Во овој дел тој нагласи дека според доказите кои ги поседува, како што рече, „постои многу повеќе од недоразбирање за бекатон“.

-Од пријавата во СВР Велес сѐ до одговорот на претседателот на Совет на јавни обвинители се цели десет години нетрпение и омраза помеѓу Панче Жежовски и Велибор Манев, рече Палевски.

Во својата одбрана, Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видео-снимките што ги презентираше обвинителството.

Тој тврди дека снимките од видеонадзорот содржат несоодветни временски записи и дека обидите на обвинителството да ги потврди овие докази преку сведочења на останатите обвинети биле неуспешни.

-Не може да се прогласи човек за виновен, доколку, покрај изјава, нема материјален доказ. Но, материјалниот доказ е оспорен со два државни сервери од кои произлегле докази со кои се докажува дека времињата на видеото се неточни. Но, очајниот обид со изјава, исказ на обвинет, да се потврди ова видео, е неуспешна од следните причини. Доказната вредност на овој исказ е никаква затоа што Велибор Манев тврди првата вечер, потоа втората вечер, а во видеото има вечер и утро, а не две вечери. Влатко Кешишев е вториот ресурс за овој фалсификат да стане доказ, па така,тврди дека вечерта на 21.11.2023 година, по половина час состанок, после пристигнувањето сме заминале пеш кон куќата на Панче Жежовски, посочи Палевски.

Во продолжение на прашања од неговиот бранител, адвокат Јовица Страшевски, зборуваше за функционирањето на партијата „Десна“.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Tags: ВањаПалевскиПанчеубиство
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пропадна и петтиот обид за конституирање на косовскиот парламент; Продолжува затворањето на паралелните српски институции во Косово; СПАК немилосрдно кон изборниот криминал

НАЈНОВО

СДСМ: 4 години разочарувања – 4 години лoкална власт на ВМРО-ДПМНЕ

August 23, 2025

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград

August 23, 2025

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk