Американската глумица Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „Аутран“ (OutRun).
Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ – од „Јуниверзал пикчрс“ (Universal Pictures). Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „Пет ноќи кај Фреди“ (Five Nights at Freddy’s) којшто стигна до 290 милиони долари.
Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Платинум дјунс“ (Platinum Dunes). Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Соник: Супер Еж“ (Sonic the Hedgehog), исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Варајети“ (Variety).
По хоророт „Безгрешна“ (Immaculate), и трилер-авантурата „Еден“ (Eden) од 2004 година, Сиднеј Свини во мигов работи на шест нови проекти, според Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ.