Ливерпул на блескав начин ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата, победувајќи го Тотенхем со 5:1 (3:1) на „Енфилд“ во 34. коло.
Екипата на Арне Слот стекна недостижна предност од 15 бодови пред Арсенал на четири кола до крајот, враќајќи ја титулата на „Енфилд“ по четири години пауза и прекинувајќи ја доминацијата на Манчестер Сити.
Иако Тотенхем поведе преку Соланке уште во 12. минута, Ливерпул направи пресврт со головите на Дијаз (16’), Мекалистер (24’) и Гакпо (32’). Во второто полувреме, Салах (63’) и автоголот на Удоџи (69’) ја потврдија убедливата победа.
За Ливерпул ова е 20-та шампионска титула во историјата, со што се израмнуваат со Манчестер Јунајтед на врвот на вечната листа. Ако се гледа само ерата на Премиер лигата (од 1992 година), ова е втор триумф за „црвените“.
Ј. Ѓ.