ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Донација на амбулантно возило како мобилна клиника за ромската заедница во Прилеп

April 28, 2025 12:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилепската болница доби донација амбулантно возило за давање  здравствени услуги за потребите на ромската заедница во градот. Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија.

Донацијата на возилото е една од активностите во рамки на проектот за обезбедување подобри услови за живеење на ромската заедница во Прилеп, што се имплементира три и пол години. Возилото ќе биде своевидна мобилна клиника и во ромската заедница ќе има основни прегледи најмалку двапати месечно.

-Уште за време на пандемијата направивме истражување за тоа кои се ефектите од Ковид 19 и тогаш произлезе дека голем проблем во ромската заедница е со пристапот до здравствени услуги, па констатиравме дека во болницата е потребно посебно возило. Она што е специфично е дека ова возило не е само транспортно, туку е и мобилна клиника. Со Општината и со болницата договоривме план со кој ќе се овозможуваат основни здравствени прегледи во ромската заедница, најмалку двапати месечно. Тимот од болницата ќе оди редовно да ги спроведува основните здравствени прегледи, а возилото е опремено за тоа, изјави Себитан Демировски, генерален менаџер на Ромски ресурсен центар од Скопје.

Директорот на прилепската општа болница, Кире Јоноски, истакна дека возилото е добредојдено при ситуација од недостиг на амбулантни возила во болницата.

-Во договор со невладината организација ќе направиме скрининг, испитувања на социјално загрозените пациенти. Проектот започна уште минатата година. Поради недостигот а и застареност на амбулантните возила, секако дека возилото е добредојдено. Возилото е целосно опремено со дефибрилатор, ЕКГ- скрининг, за кислородна поддршка и многу ќе помогне, рече Јоноски.

Во Прилеп живеаат околу 5 000 Роми, а има повеќе активности за подобрување на социјално-образовниот и здравствен живот во заедницата. Се работи на донесување на ДУП, на легализирање на целата ромска населба, на подобрување на вработливоста на ромското население, посебно на младите и на жените Ромки.

-Локалната самоуправа останува доследна за реализирање на сите барања, очекувања на нашите сограѓани за да имаат подобар економски и здравствен живот во заедницата, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при денешното примопредавање на амбулантното возило во прилепската болница за здравствените потреби на ромската заедница.

Next Post
Скриншот

Две недели блокада на РТС; Објектот е веќе четири дена без обезбедување

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk