Создавачот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, конечно одговори на децениското прашање зошто иконскиот џедај мајстор Јода зборува на тој начин.
Јода првпат се појави во филмот од ’80-тите „Империјата го возвраќа ударот“ и ја воодушеви публиката со мудроста што му ја дава на протагонистот Лук Скајвокер. Неговата најпозната црта е неговиот необичен начин на говор, кој користи различен редослед на зборови од типичниот англиски.
„“Much to learn you still have, (Многу да научиш сè уште имаш)“, рече Јода во „Војна на ѕвездите: Епизода II – Напад на клоновите“.
Зборувајќи на 45-годишнината од проекцијата на „Империјата го возвраќа ударот“ во Холивуд, Џорџ Лукас откри дека говорот на Јода бил начин да ги натера луѓето да обрнат внимание на она што го кажува.
„Затоа што ако зборувате обичен англиски, луѓето нема да слушаат толку внимателно. Но, ако има акцент или ако е навистина тешко да се разбере што зборува, тие се фокусираат на она што го зборува“, рече Лукас на фестивалот TCM Classic Film Festival 2025, објави Variety..
– Јода беше „во основа филозофот на филмот. Морав да смислам начин да ги натерам луѓето навистина да слушаат – особено 12-годишниците“, додаде Лукас.
Ј. Ѓ.