ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Кривичен заврши сведочењето на Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

April 28, 2025 15:30
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој смета дека мотивот за убиство е нелогичен и недокажан.

Во текот на распитот, Палевски, кој претходно негираше каква било врска со насилни кривични дела, повторно изрази уверување дека целиот процес е политички прогон против него. Тој ја оспори важноста на некои од обвинителските докази и изнесе своја верзија на настаните од 22 ноември 2023 година, денот кога се случиле наводните кривични дејства.

Обвинителката го праша Палевски за сведок кој тој тврди дека го сретнал на тој ден, лице кое наводно се плашело од неговото куче, но Палевски не можеше да го именува тоа лице. Тој тврдеше дека сведокот бил физички нападнат од истражителите, иако не можеше да наведе конкретни детали за него.

-Јас не можам да се сетам на името и презимето на лицето, но тоа лице постои и има сериозни последици, рече Палевски, додавајќи дека неговата одбрана планира правни чекори во врска со тоа.

Во однос на неговата комуникација на денот на настанот, Палевски негираше дека бил активен на телефонот до 13:14 часот. Според неговото објаснување, тој користел интернет преку Телеграм и се избегнувал јавни телефонски линии за да не биде незаконски прислушкуван.

-Не одговарам на повици на обична линија затоа што не сакам да бидам незаконски прислушуван, користам исклучиво Телеграм, рече обвинетиот.

Според него, телефонската анализа не ги објаснува времињата на повиците и интернет комуникацијата, што ги прави обвинителските докази непотполни.

-Еве како беше на 22.11.2023. Телефонскиот повик кој го спомнавте е на обична линија, ГСН разговор. Тој разговор во извештајот е поделен на 7 разговори, сите по 60 секунди, и после тоа нема базни станици во извештајот до 16:30 часот, изјави Палевски.

Тој исто така го објасни своето присуство во Халк Банка на 24 ноември, кога бил извршен обид за грабнување на Вања, при што негираше дека тој го смета за алиби.

-Токму кога вие тврдите дека има неуспешен обид за грабнување на Вања, 24.11.2023 година, јас бев во истата банка каде јас не знаев дека правам алиби, туку со мојот печат морав лично да отидам во Халк банка на 24 исто така, за да потпишам заклучно и удрам печат за продажба на девизен прилив од Гугл Јутуб, 1000 евра и така јас дента имам намера, сум си направил алиби за 24 иако времето кога бев да потпишам заклучница не е 7:20 како вие тврдите, туку е после 10 часот. Токму затоа што не сум правел алиби на начин каков сум можел да направам, покажува нешто друго, а не намера да грабнуваш и убиваш, образложи тој.

Во однос на мотивот за убиството, Палевски ги негираше сите обвинувања, посочувајќи дека не постојат докази кои ја поткрепуваат тврдењата на обвинителството.

Тој истакна дека не е заинтересиран за користољубие, туку дека обвинението е нелогично и недокажано. Палевски дури и ги оспори обвинувањата дека имал контакт со семејството на Вања, посочувајќи дека и самиот Александар, поранешниот партнер на Зорица, бил веќе во посед на најскапиот имот.

-Вашиот мотив во обвинението со кое ме обвинувате е нелогичен и недокажан затоа што не сте приближиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку е користољубие ќе имаше за детето засолниште прво, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, туку вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност, мотив зошто е сторено делото. Затоа и дадов пример со просечен криминален ум не разводи, не ме интересира тоа, јас во списите прочитав дека Александар веќе го поседува најскапиот имот на семејството станот во зградата Фонтана каде е грабнато детето кој има вредност преку 250000 евра и дека остатокот од имотот доколку биде убиена мајката на детето, а не детето, затоа што се малолетни, законски старател е токму Александар, во тој контекст беше кажано дека мотивот не само што не е докажан, туку тотално нелогичен за да биде користољубие и уцена, одговори тој.

Останатите обвинети и нивната одбрана немаа прашања за Палевски. Додека, Судот го праша во врска со магнетните резонанци, при што Палевски одговори дека тие снимки не биле наведени на списокот на одземени предмети, иако, како што рече, ги имал со себе кога патувал во Белград.

Судскиот процес продолжува со процесни решенија по кои треба да се утврдат термини за наредни рочишта на кои се очекуваат дополненија на доказната постапка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: двојно убиствосудење
Next Post
Скриншот

„Сите го викаат Реџо“ на кумановецот Ибер Деари ја освои наградата „Franco Cassano“ на фестивалот Bif&st 2025 во Италија

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk