ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кос: Во поглед на евроинтеграцијата, Северна Македонија е тажна приказна на Балканот

April 29, 2025 16:39
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Ако Украина чека толку колку што Северна Македонија чека почеток на преговори со ЕУ, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. Таа е тажна приказна на Балканот, заедно со Косово и со Босна и Херцеговина, вели во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), еврокомесарката за проширување на Европската комисија, Марта Кос.

Таа, во интервјуто за РСЕ направено пред нејзината посета на Србија, изрази надеж дека до крајот на нејзиниот мандат како еврокомесарка, позиција што ја презеде во септември 2024 година, Црна Гора и Албанија би можеле да станат членки на Европската Унија.

– Знаете, јас доаѓам од Словенија, која порано беше дел од оваа територија во поширока смисла. Значи, во некои аспекти, регионот беше подобар пред 20 години отколку што е денес. И има две или три многу тажни приказни. Една од нив е што Косово не може да оди напред. Друга тажна приказна е Северна Македонија. Знаете, ако Украина чека толку колку што Северна Македонија чека почеток на преговори, тогаш Украина би ги започнала преговорите во 2045 година. И, секако, тука е и Босна и Херцеговина, истакна Кос.

Во однос на проширувањето на ЕУ, Кос вели дека уште кога била кандидат за комесар, кажала дека проширувањето денес е различно отколку што било пред пет години.

-Сепак, денес велам дека процесот на проширување е различен од оној што беше во јануари, бидејќи толку многу работи се променија, вклучително и новата Влада на Соединетите Држави (САД). Геополитиката се промени во смисла дека беше приоритет пред проширувањето, но не беше толку поврзана со делот за безбедноста и мирот. И повторно, некако со денешното проширување, се враќаме на основите за тоа зошто беше основана ЕУ. Тоа беше за да се обезбеди мир, слобода, просперитет, а денес би можеле да додадеме и безбедност. Тоа е всушност она што го правиме во целиот процес, рече Кос.

Секако, додаде еврокомесарката, сè уште станува збор за поглавја, кластери и одредници, но ова е многу поважно во смисла дека ако не успееме во ова, всушност, ќе го кажам вака, не смееме да не успееме.

Таа оценува дека денес е многу важно да не потфрлиме во процесот на проширување, што, како што вели, е најуспешната надворешна политика на ЕУ.

-Би било неуспех ако не воведеме ниту една нова членка во ЕУ за време на сегашната Европска комисија и сигурна сум дека можеме да го сториме тоа. Би можеле да го направиме тоа со Црна Гора. Сите поглавја се отворени, па затоа ги затвораме за да можеме да го завршиме процесот на крајот на 2026 година од техничка гледна точка. Со Албанија, би можеле да го завршиме процесот од техничка гледна точка до крајот на 2027 година. Зошто велам од техничка гледна точка? Бидејќи станува збор за постапка на преговори, а земјите кандидати мора да спроведат реформи, но потоа на земјите-членки е да одлучат дали ќе станат членки или не, вели Кос во интервју за РСЕ.

Tags: EвроинтеграцијаБалканКосСеверна Македонија
Next Post

ЕУ: Ќе ги проучиме лекциите од прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk