ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦО на СДСМ: Започна постапката за утврдување кандидати на СДСМ за локалните избори

April 30, 2025 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори, информираат од СДСМ.

„Од денес, 30.04.2025 година, започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Во таа насока, Централниот одбор го усвои правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидатите на СДСМ. Преку отворена, инклузивна, транспарентна и демократска внатрепартиска постапка, СДСМ заедно со своето членство ќе ги избере најдобрите кандидати за локалните избори. Целта е СДСМ да биде претставена од способни и кредибилни личности, кои уживаат доверба и во својата околина, и меѓу сопартијците, но и од граѓаните кои живеат во општините. Луѓе кои можат да испорачаат резултати и имаат капацитет да ја спроведат програмата со која партијата ќе настапи пред граѓаните. Исто така, Централниот одбор го овласти претседателот на партијата, д-р Венко Филипче, да оствари разговори со постојните коалициски партнери на СДСМ, како и со потенцијални нови коалициски сојузници за настап на локалните избори. Централниот одбор на СДСМ оцени дека непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта, координирано вршат притисок врз градоначалниците од редовите СДСМ. Тоа го сметаме за тенденциозен политички притисок и претставува злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. СДСМ со сите механизми кои ги има на располагање ќе го штити интегритетот на нашите градоначалници и ќе ги брани демократските стандарди и приници“, соопштуваат од СДСМ.

На економски план ЦО оцени дека се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредува: македонската економија продолжува да тоне, без никаква динамика и без раст над 3%.

„Загрижувачки е што дури и проекциите на Светската банка се ревидирани надолу, при што Северна Македонија е на дното во целиот регион. Економската криза сè повеќе го погодува животниот стандард на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со серија неефикасни и задоцнети мерки. Граѓаните денес живеат полошо отколку во која било година од последната деценија. Северна Македонија има најниски плати во регионот, а плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план. СДСМ ќе продолжи со проактивни мерки и законски решенија во борбата за подобрување на стандардот на граѓаните но и целокупните сосојби во земјата“, истакнуваат од СДСМ.

Во оваа насока, велат од СДСМ, ќе бидат подготвени и предложени законски решенија во македоснкото Собрание.

„Пратеничката група на СДСМ подготвува и специјален закон за обезбедување конкретна и директна поддршка за семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Законот ќе биде поднесен во Собранието во текот на следната недела. Тој е изготвен според меѓународни искуства и добри практики од земји кои се соочиле со слични несреќи. Со законот се предвидува финансиска и институционална помош за семејствата на настраданите, како и дополнителна поддршка за оние кои имаат повредени блиски. Целта е да се помогне во надминување на последиците и трошоците што произлегуваат од трагичниот настан, но и да се зајакнат институционалните системи што се покажаа како недоволно подготвени. СДСМ ги поддржува родителите и семејствата на настраданите во Кочани и останува отворен за разговори и соработка за сите прашања поврзани со случувањата. Но, СДСМ остро се спротивставува и го осудува секој обид за политичка злоупотреба. За време на средбата со родителите пратениците на СДСМ забележаа членови на подмладокот на политичката партија Левица, доколку се приклучиле со цел да извлечат политичка и партиска корист најостро ги осудуваме. СДСМ ја препознава потребата за длабоки системски промени и останува посветен на трансформација на начинот на кој функционираат институциите, во интерес на државата и сите нејзини граѓани“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Tags: ГрадоначалнициСДСМЦО
Next Post

Сезоната на неискосени тревници во Аеродром е во полн ек

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk