ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитровска од ДКСК: Комуникацијата со семеен пријател нема поврзаност со случајот „Адитив“

April 30, 2025 11:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, со соопштение до јавноста реагираше на обвинувањата поврзани со нејзина комуникација со лице обвинето во случајот „Адитив“. Таа истакнува дека комуникацијата со семејниот пријател, кој подоцна станал осомничен, се одвивала пред да започне официјална постапка против него и дека содржината на тие разговори не била поврзана со предметот, ниту со какви било коруптивни дејства.

„Комуникацијата завршува во декември 2024 година, односно пред изрекување мерка притвор, а нејзината содржина се однесува на јавно достапни информации и пријателска комуникација“, појаснува Димитровска, изразувајќи жалење за настанот и потенцирајќи дека не постоела никаква намера за влијание врз истрага или судска постапка.

Таа нагласува дека останатите шест члена на ДКСК немаат никаква поврзаност со случајот, и дека во рамки на Комисијата веќе се води постапка за проверка на имотната состојба на наведениот обвинет, но предметот, по електронска распределба, не е доделен на неа и таа нема надлежност или можност да влијае врз процесот.

„Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови. Целосно ќе соработувам со правосудните органи и очекувам брза и транспарентна разрешница на случајот“, наведува Димитровска во соопштението. Таа најави дека до конечна одлука на обвинителството нема да дава дополнителни изјави, освен доколку околностите не наложат поинаку, притоа апелирајќи за почитување на личниот и институционалниот интегритет.

Државната комисија за спречување на корупцијата информираше дека во рамки на своите надлежности, продолжува да функционира редовно во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

– Како институција остануваме транспаренти и отворени за јавноста и за соработка со надлежните органи, се вели во соопштението до медиумите од Антикорупција, во врска со актуелните случувања.

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети.

Судот го прифати предлогот на обвинителството и определи мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која е осомничена во рамки на истрагата за предметот „Адитив“.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица.

Предметот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица.

Според обвинителството, осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.

Ј. Ѓ.

Tags: ДКСКТајана Димитровска
Next Post
Фото: X

Марта Кос во Нови Сад им оддаде почит на жртвите од падот на бетонската настрешница на железничката станица

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

September 3, 2025

Унгарија и Словачка бараат укинување на санкциите за шест руски бизнисмени

September 3, 2025

Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk