ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уставен треба да донесе одлука за предметите за Изборниот законик, оценувањето на јавните обвинители и „Медреса Иса Бег” од Кондово

April 30, 2025 09:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница треба да се донесе конечни одлуки за предметите за Изборниот законик, оценувањето на јавните обвинители и „Медреса Иса Бег” од Кондово.

Како што информираат од Уставен, по предметот кој се однесува на членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, Судот на 26.02.2025 година поведе постапка за одредбите со кои е подигнат прагот на потписи потребни за поднесување на независни граѓански листи на избори на 1% од гласачкото тело.

Судот изрази сомнеж дека оспорените законски одредби, не се во функција на остварување на целите на изборното законодавство, бидејќи преку зголемувањето на бројот на потписите потребни за кандидирање на независните кандидати истите ги елиминираат од изборниот процес, им се оневозможува да го остварат правото на кандидирање како елемент на пасивното избирачко право, со што и на граѓаните кои нив ги поддржуваат им се ограничува избирачкото право и правото на политичко дејствување, бидејќи нивниот избор се сведува само на партиски кандидати и на политичкото дејствување во рамки на политичките партии.

Ограничувањето на бројот на потенцијални изборни субјекти во изборниот процес ги одзема демократските атрибути на слободни и фер избори и директно го загрозува и слабее политичкиот плурализам, како темелна вредност на уставниот поредок од член 8 став 1 алинеја 5 од Уставот.

Во врска со предметот кој се однесува на член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, Судот изрзаи сомнеж дека во наведените закони не постои законско уредување за тоа дека мандатот на членовите на Советот избрани од страна на јавните обвинители влегува во позитивно оценет јавно обвинителски стаж дотолку повеќе што согласно член 7 став 4 од Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители, додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител односно не извршуваат јавнообвинителска функција. Можност за преиначување или проширување на правата на избраните и именуваните членови на Советот на јавните обвиинители со подзаконски акт во наведените закони, не постои.

Судот изрази сомнеж дека Советот во овој случај излегол од уставно и законски утврдената надлежност. Кога станува збор за оценката, која може да биде позитивна и негативна, на јавнообвинителскиот стаж, таа се однесува само на обвинителите кои непосредно ја вршат обвинителската функција. Носители на обвинителската фукнција можат да бидат само обвинителите. Тие се и извршители кои со своето работење во процесот на обвинителската функција придонесуваат во остварување на истата.  Правно неиздржано  е  и мандатот на членовите на Советот на јавните обвинители да влегува во позитивно оценет јавнообвинителен стаж. Според наведената регулатива која се оспорува, самите членови на Советот на јавните обвинители треба позитивно да ја оценуваат работата на своите колеги.

По предметот кој се однесува на  Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – с. Кондово, Скопје, Судот ги оцени како основани наводите во иницијативата дека со донесувањето на оспорената одлука Владата ја повредила уставната одредба за одвоеност на државата од верските прашања.

Уставниот суд изрази сомнеж дека Владата дала согласност на верска заедница – Исламската верска заедница да основа гимназија, иако според Амандманот VII oд Уставот, верските заедници можат да основаат само верски училишта во кои се предава веронаука, односно се проповеда и изучува конкретна религија. Такво училиште, за изучување на исламската вера, веќе постои, тоа е Средното исламско училиште „Медреса Иса Бег“ во с. Кондово кое претставува едукативно-образовна институција на Исламската верска заедница која е негов основач и се грижи за остварувањето на едукативниот и образовниот процес и за плановите и програмите за верската поука.

За овие три предмети дискусијата е исцрпена и сите се во фаза на гласање.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Уставен суд
Next Post

Пред суд во Нови Сад закажан протест на студенти во блокада - Политички притвор поради збор-кој е следен?

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk