РИБАРО
Скандинавските земји видно загрижени по изјавата на премиерот на Нашата земја Христијан Мицкоски дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ покажале, како што рече „скандинавско управување со општините на локално ниво“.
– Сака Мицкоски да ни го одземе приматот. Ако сега вели дека неговите градоначалници владеат скандинавски, што е следно – ќе прави викиншки поход од Македонија кон скандинавија. Многу сме загрижени и исплашени од експанзијата и успешните политики што македонскиот премиер ги спроведува во вашата земја. Башка нели премиерот и градоначалниците се потомоци на Александар Велики, што е уште пострашно, реагираат за АХА неколку скандинавски лидери кои инсистираа да останат анонимни.
– Не знам како ќе се одбраниме, тој е многу смел, способен и одлучен лидер, додаваат скандинавците.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK