Јеменските бунтовници Хути ќе се соочат со тешки удари од Израел ако продолжат да ја гранатираат израелската територија, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац, пренесоа британските медиуми.
„Хутите ќе се соочат со тешки удари од Израел ако продолжат да нè гранатираат“, напиша Кац во објава на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека израелските одбранбени сили (ИДФ) се подготвени за секоја мисија.
Јеменското бунтовничко движење Хути, официјално наречено „Ансар Алах“, вчера објави дека договорот за прекин на огнот меѓу него и САД не вклучува прекин на нападите врз Израел.
Хутите го напаѓаат Израел во знак на солидарност со Палестинците од радикалната група Хамас, кои се во војна со Израел од 7 октомври 2023 година, потсетуваат британските медиуми.