ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Започна „треската“ за локалните избори во албанскиот политички блок. Кои се можните кандидати за градоначалници?

May 8, 2025 10:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии на Албанците почнаа со калкулации на имињата на кандидатите за градоначалници и општински советници за локалните избори што ќе се одржат на есен.

Најжешката трка во албанскиот политички блок се очекува да биде во општините Струга, Дебар, Кичево, Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај…
За општина Струга, коалицијата ВЛЕН (Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива) лиферува дека нивен можен кандидат би можел да биде бизнисмен, за кој во јавноста беше алудирано името на бизнисменот Менди Ќира, иако самиот тој не потврди такво нешто. Друго име кое е во игра за општина Струга од оваа коалиција е името на Петрит Положани.

Во меѓувреме, Европскиот фронт ги дискутира имињата на поранешниот министер за образование Јетон Шаќири и Фатон Положани како можни кандидати за градоначалник на Струга, но во игра е и Зијадин Села.

Тешка битка се очекува и за Кичево. Актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, бара мандат и кандидатура од Европскиот фронт. Во меѓувреме, иако името на актуелниот министер за социјална политика, Фатмир Лимани, се споменува од коалицијата ВЛЕН, во последен момент тој можеби воопшто нема да се кандидира, односно коалицијата ВЛЕН можно да не предложи кандидати за Кичево, туку само листа за советници.

Како што дознава „Фронтлајн“ од извори во ВЛЕН, овој став се потпира на фактот со многу кандидати Албанци за градоначалник може да се ризикува губење на оваа општина од Албанците. Во меѓувреме, Шкодран Алили официјално ја објави својата независна кандидатура.

За Гостивар, во ДУИ се споменува името на Валдет Џафери, додека економистот Висар Адеми веројатно ќе се кандидира како независен кандидат. ВЛЕН сè уште не објави име за оваа општина, додека сè уште не е познато дали Арбен Таравари или Валбон Лимани ќе се кандидираат од Алијанса за Албанците.

Во Тетово, Билал Касами ќе биде кандидат на ВЛЕН. Илир Демири, Фатон Ахмети или Бајрам Реџепи се споменуваат од Европскиот фронт. Во зависност од политичките случувања, и Алијанса за Албанците на Таравари може да има кандидат.

Во Чаир, моментално се дискутира за две имиња од два табора. Се очекува ВЛЕН повторно да се натпреварува со актуелниот градоначалник Висар Ганиу, додека од ДУИ веројатен кандидат ќе биде поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Во општина Сарај, коалицијата ВЛЕН дискутира за три можни имиња за кандидати. Во комбинација се Хасим Муртезани од Движењето БЕСА, актуелен министер за европски прашања е Орхан Муртезани од Алтернатива, додека од Демократското движење во игра е Мухамед Елмаз.
Алијансата за Албанците најверојатно ќе го номинира генералниот секретар Блеранд Рамадани, додека доколку се постигне договор со Европскиот фронт, тој може да ја добие и поддршката на Фронтот. Доколку нема договор, тогаш имињата што ги дискутира Европскиот фронт за градоначалник се Исни Јакупи и Илјаз Весели, но доколку лидерот на ДУИ побара од актуелниот пратеник и поранешен градоначалник на оваа општина, Блерим Беџети, повторно да се кандидира, тој може повторно да се кандидира.

Сите овие имиња се на радарот на политичките партии и се очекува да бидат формализирани во партиските тела. Се очекува и партиите од македонскиот политички блок, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, наскоро да излезат со можни имиња за градоначалници за есенските локални избори.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Алијанса за АлбанцитеВЛЕНДУИевропски фронтЛокални избори 2025

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk