ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025 20:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот павилјон на Венециското биенале на архитектурата 2025 е вброен меѓу 10-те највпечатливи павилјони од вкупно 66 земји учеснички, според реномираниот портал „Артибјун“ (Artribune), објави на Фејсбук страницата министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

-Проектот Strada Brutalissima, под кураторство на доц. д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, отвора важен дијалог за архитектонското наследство, солидарноста и визијата за хумано општество, напиша Љутков на Фејсбук.

Овој павилјон, додава министерот во објавата, не е само приказна за бетон и форми – тој е патување низ времето, меморијата и колективната надеж.

-Горди сме на сите вклучени во реализацијата на овој значаен проект кој достојно ја претставува Македонија на светската културна мапа!, додаде Љутков.

Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, вчера свечено е отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот Strada brutalissima, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Комесари на изложбата се Маја Неделковска Брзанова и Фросина Зафировска.

Strada brutalissima ја поставува во фокус бруталистичката архитектура на Скопје – уникатен и парадигматичен слој од постземјотресната историја на градот. Главната цел на Strada brutalissima е да ја активира архитектонската интелигенција вткаена во бруталистичкото наследство на Скопје. Во овој контекст, улицата (strada) претставува кураторска алатка за обликување на патека на ново архитектонско знаење. Поставката извлекува 10 бруталистички примери од автентичноста на нивниот контекст и ги репозиционира во нова просторна организација, создавајќи „концептуална улица на знаењето”.

Изложбата е структуирана низ два улични фронта, кои меѓусебно комуницираат и оформуваат линеарен репозиториум на информации и простор за критичко промислување. Првиот фронт е обликуван преку графичките биографии на избраните бруталистички објекти од Скопје кои ја илустрираат сложеноста на нивните архитектонски композиции. Вториот фронт претставува транскрипции на знаења инкорпорирани во овие објекти, надополнети со критички осврти од еминентни македонски и меѓународни архитекти. Во рамките на проектот се поканети значајни имиња од архитектонската дисциплина да дадат свој придонес во форма на критички осврт и куси дефиниции за скопскиот брутализам.

Strada brutalissima укажува како колективното размислување за бруталистичката архитектура може да поттикне нови форми на архитектонска мисла кои предизвикуваат, информираат и ја трансформираат идната архитектонска пракса и генерираат нови визии за современата архитектура.
На овој начин, проектот се вградува во генералната тема на престојната 19. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција насловена Интелигенти. Природни. Вештачки. Колективни. курирана од италјанскиот архитект Карло Рати.

Strada brutalissima претставува проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната соработка за учество на Република Северна Македонија на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia и е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам. Проектот е во организација на Националната галерија во соработка со Архитектонски факултет-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје и поддржан од страна на Комора на овластени архитекти и овластени инженери.

Благоја Бајковски е доцент на Архитектонски факултет-Скопје при УКИМ. Додипломските студии ги завршил во 2009 година на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Во 2014 година магистрира во областа на одржлива архитектура и урбанизам на Политехничкиот факултет во Милано (Politecnico di Milano).

Во 2020 година ги завршува докторските студии на одделот за Архитектура и територија при Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија. Во 2018 заедно со група автори ја курира изложбата 99FILES -Бруталистичка архитектура Скопје во Музејот на современа уметност во Скопје а во 2024 и на факултетот за архитектура „Фредероко II” при Универзитетот во Неапол, Италија (Federico II Diarc Unina, Università di Napoli).

Како дел од авторски тим, учествува со проект во рамките на македонското национално претставување на 16. Меѓународна архитектонска изложба la Biennale di Venezia 2018, во организација на Музеј на современа уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, под кураторство на Слободан Велевски и Марија Мано Велевска.

Во 2023 година, како дел од авторски тим зема учество во Египетскиот национален павилјон на 18. Меѓународна архитектонска изложба la Biennale di Venezia, во рамките на проектот NiLab раководен од професори на Факултетот за инженерство при Универзитетот Аин-Шамс во Каиро, Египет и Отсекот за архитектура на Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија, Италија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Strada brutalissimaВенециското биеналеЗоран Љутков

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk