ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ако се утврди драстично зголемување на цените ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави Мицкоски

May 14, 2025 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан  Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти минатиот месец завршија владините мерки за скалести маржи, Мицкоски рече дека нема таква информација според бројките што му ги претставил пред два дена ресорниот министер. Мицкоски порача и дека нема да се толерираат трикови  во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.

– Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови  во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие инфоромации, вознемирени сме од тоа што го слушаме,  и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Министерот за економија и трудБесар Дурмиши на 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши на прес-коференција, посочувајќи дека меѓу мерките кои за кои се размислува е и да се покачи процентот на маржата.

Tags: ВладамеркиМицкоскипрехрамбени производицени
Next Post

Мицкоски: Во периодот што следи ќе номинираме нови имиња по излегувањето на крилото на Таравари

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk