ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството

May 14, 2025 15:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството, реагира министерот за правда Игор Филков, на прес конференцијата на СДСМ.

„Од страна на СДСМ денес повторно слушнавме празна политичка реторика, препакувана во обвинувања кои немаат никаква врска со реалноста. Иронично е токму партијата која со децении го партизираше правосудството – и преку инсталирани кадри, и преку клиентелизам, и преку селективна правда – денес да се претставува како борец за реформи.

Наводите за „доцнење“ се целосно неточни. Напротив – реформската агенда се реализира согласно планираната динамика, а дел од законите веќе се на ЕНЕР, во фаза на јавна консултација. Министерството за правда не носи закони набрзина во интерес на поединци, одредени фамилии или интересни групи ниту  по налог на партиски штабови. Предлог законите се подготвуваа   преку сериозна анализа, консултација со експерти и усогласување со меѓународните стандарди.

Министерството за правда, во координација со Владата, интензивно работи на имплементација на реформската агенда и стратегијата за правосудството (2024–2027). Сите реформски закони кои се подготвуваат се темелни, инклузивни и усогласени со препораките од ЕУ . Закони не се носат за ПР ефект, туку за системска промена, нешто што СДСМ очигледно не го научи иако имаше  шанса.

Во врска со законите за Јавното обвинителство, Судскиот совет,судската служба , платите на јавните обвинители, тие веќе се ставени на ЕНЕР, и истите се во финална процедура. Во план и подготовка се и:

Предлог Законот за судски буџет

Предлог Законот за Советот на јавни обвинители

Предлог Законот за јавнообвинителска служба

Измени на Изборниот законик, со поддршка на ОДИХР.

Закони со кои се регулираат платите на судиите, јавните обвинители, и јавно обвинителската служба

Закон за помилување

Закон за вештачење

Закон за нотаријат

Закон за извршување

Закон за пробација

Закон за извршување на санкции

Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка

Закон за заштита на лични податоци

Во однос на Изборниот законик Министерството за правда ги започна подготовките, но без поддршка од политичките чинители и без консензус, неговото донесување не може да се реализира. Ќе следат разговори на политичките субјекти.

За првпат имаме сериозен пристап во кој се вклучени сите чинители – експерти, меѓународни партнери и граѓанскиот сектор.
Што се однесува до наводната „конструктивност“ на СДСМ – таа завршува онаму каде што почнува лицемерието. Ако навистина имаат конструктивни предлози, ќе ги достават во време и со добра намера, а не ќе ги користат како алатка за прес-конференциски спинови.

Нам , што немаме резервна држава, ниту златни визи, целта ни е да направиме трајна и праведна реформа затоа што Македонија е се што имаме. Го повикувам СДСМ наместо со демагогија да се позанимаваат со давање на искрени одговори -како се набавуваат златни визи и колку истите чинат!“, се наведува во реакцијата од министерот Филков.

Поврзано: 

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Министеррство за правдареакцијаСДСМФилков

НАЈНОВО

Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

July 3, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Повеќе лица повредени во пукотница во Чикаго

July 3, 2025

Почна кампањата за изборите за Горниот дом во Јапонија

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk