ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

May 14, 2025 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Излегувањето на една од партиите од владината коалиција всушност го покажува дефектот во начинот на функционирање на оваа влада и укажува дека не може да ги исполни ветувањата пред граѓаните. За нешто помалку од една година од нејзиното формирање гледаме дека во суштина немало ниту дијалог, ниту почитување на коалиционите партнери, ниту исполнување на ветувањата, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

„Наводите на Таравари за неговото незадоволство поради тоа што не се испорачани ветувања пред граѓаните потврдува дека очигледно, оваа влада, со ова раководство и институциите во кои работи, нема капацитет ни сопствените ветувања да си ги исполни. Не ме изненадува што немаат ниту лидерски коалиционен капацитет, па макар годишнина да прославеа.“, рече Петровска по излегувањето на Алијансата за Албанците од владината коалиција.

Таа додаде дека она што нè загрижува нас како партија но и граѓаните е тоа што оваа Влада ги враќа процесите назад а нема никакво поместување ниту во процесот на европска интеграција на државата.

„Процесот на европска интеграција не е ниту  во втор план ставен, туку е многу подолу на агендата на оваа влада. Во суштина, освен една-две добро срочени изјави, не гледаме никакво вистинско поместување на тој план. Од друга страна, како што гледаме, земјите — особено Албанија — веќе забрзано се стремат кон приклучување кон Европската Унија, и извесно е дека ќе го фатат оној бран на проширување во 2030 година. Имаше големи ветувања пред изборите, особено од лидерот на владината коалиција, Мицкоски, дека имаат план, ама еве, по една година, не видовме ништо од тој план. И најверојатно тој ‘план’ им беше дека ќе подзаборавиме на изборните ветувања“, рече Петровска.пол

Next Post

Тричковски стави крај на својата играчка кариера

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk