ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Семејството на Фросина бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката

May 14, 2025 20:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Универзалната сала до пред Основниот кривичен суд Скопје, семејството на Фросина Кулакова изрази револт поради вчерашната пресуда за 12 години затвор за возачот кој ја прегази нивната ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, побара максимална затворска казна за возачот и дисциплинска постапка и времено суспендирање на судијката Снежана Марковска.

– Бараме максимална затворска казна за Васо, 20 години без олеснителни околности. Одбраната тврди дека се работи за примерен млад спортист кој тренирал бокс и ракомет, а не кажува дека е избркан од ракометарскиот клуб затоа што предизвикувал тепачки … Судот пресуди само 12 години затворска казна за лице кое било пијано, без возачка дозвола, на пешачки премин на црвено светло, рече Кулаков.

Од Судскиот совет побара отчетност и транспарентност, како и да покрене дисциплинска постапка за да се утврди дали постоело непрофесионално и пристрасно постапување на судијката Снежана Марковска од Кривичниот суд.

– Бараме дисциплинска постапка и времено суспендирање на судијката Марковска, која ја донесе оваа пресуда. Мора да одговори зошто жалењето на обвинетиот го смета за поважно, од тоа што дејствувал под алкохол, без дозвола и со тешко криминално и насилничко минато и просто преминува преку Фросина. Бараме Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка и да се утврди дали постоело непрофесионално и пристрасно постапување, во меѓувреме бараме судијката да биде времено отстранета од работа, рече Кулаков.

Побара Судскиот совет преку соопштение да одговори на нивните прашања.

– Бараме јавно соопштение од Судскиот совет со одговори на следниве прашања: Дали Судот постапувал согласно законот, но да не се држи до праксата „пази ја формата – занемари ја содржината“?; Дали постоело влијание од надворешни фактори и зошто не се зеле предвид сите отежнителни околности?; Строги казни за случаи со екстремна небрежност како оваа; Како прва измена на Кривичниот законик воведување на ново кривично дело – тешко дело со крајна небрежност и смртна последица со минимална затворска казна од 15 години; Бараме да се изготви регистар за опасни сторители за кои клучните улици ќе бидат затворени за сообраќај со моторно возило, говориме за вакви сторители како Васил, рече Кулаков.

На протестот се приклучија и семејства кои на сличен начин имаат загубено близок член. Мајката на Алек Радуловиќ, којшто загина на 24 април 2021 година вели повеќе од три години е во судскиот лавиринт, но, како што рече, завршницата не ја гледа сѐ уште.

– Жена на 32 години, Сања Ивановска, му го пресекува патот со првенствено минување и детето ми почина на лице место. Повеќе од три години сум пред овие врати во Кривичен и завршницата се уште не ја гледаме. Сведоци сме на сѐ и сешто во текот на судењето во однос на нејзината одбрана, затоа што таа во ниту еден момент не се почувствува виновна, така и се брани. Но, на крајот излезе и вештачењето корумпирано и платено, наметнувајќи му вина на мојот син. Утре имаме закажано рочиште во 9 часот и се надеваме дека чесните супер вештаци ќе се појават на супер вештачењето и ќе го оправдаат своето супер вештачење, рече мајката Билјана Радуловиќ.

Сестрата на Теодора Ристовска од Тетово, пак, вели зошто никој не ја испитува јавната обвинителка која преку писмен предлог побарала да му се ублажи казната на возачот којшто  ја усмрти Теодора Ристовска и доби казна затвор во траење од две години.

– Зошто кога Судскиот совет ја донесе таа одлука, истовремено не ја испитаа и јавната обвинителка зошто дала писмен предлог да му се ублажи казната. Зошто никој не ја испита таа јавна обвинителка? Или сега ќе излезе некој нов член на Законот што ќе го оправда нејзиното барање. Човекот две и пол години не е влезен во затвор, а ние дома две и пол години ја немаме сестра ми Теодора, порача сестрата на Теодора. 

Tags: Кулаковпротест
Next Post

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk