Преговорите меѓу украинската и руската делегација ќе започнат в петок, 16 мај, во Истанбул, потврдија извори за „Украинска правда“ и украинската јавна телевизија „Суспилна“.
Според достапните информации, за денеска, не се закажани состаноци, јавија тие медиуми.
Украинската делегација ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, а нејзиното пристигнување во Истанбул се очекува доцна денеска, објави „Украинска правда“.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја напушти Турција и отпатува за Албанија, каде што ќе учествува на самитот на Европската политичка заедница, кој се одржува на 16 мај.