ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025 12:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден, 16 мај, се одбележува Денот на ромскиот отпор – ден на сеќавање и чест на храброста на Ромите кои се кренаа на бунт против нивното планирано погубување од нацистичкиот режим во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во 1944 година за време на Втората светска војна.

Во текот на Втората светска војна, илјадници Роми беа депортирани, затворани и систематски уништувани од нацистичката машинерија. Еден од најмрачните симболи на тој геноцид беше т.н. “Зигунајгерлагер” – ромскиот дел од логорот Аушвиц-Биркенау, каде што беа затворени околу 23.000 Роми, од кои повеќето никогаш не се вратија.

На 16 мај 1944 година, свесни дека ќе бидат убиени, ромските затвореници од логорот се спротивставија на нацистичките војници. Иако не успеаја да ги променат текот на настаните, нивниот отпор останува симбол на достоинството, храброста и борбата за живот дури и во најмрачните времиња.

Од Кабинет на министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, велат дека сеќавањето на 16-ти Мај нè потсетува дека нема сила толку разорна што човештвото не може да ѝ се спротивстави. Овој ден, познат како Ден на отпорот на Ромите, ја симболизира истрајноста и храброста на ромскиот народ, како и нивната борба за достоинство, живот и опстанок за време на Втората светска војна. Тој нè потсетува на едно мрачно поглавје од историјата, кога цели заедници беа систематски прогонувани и уништувани.

Терминот „Porrajimos“, кој на ромски значи „распарчување“, е силна метафора за холокаустот и страдањата на Ромите, но и за длабоко вкоренетата сегрегација и насилство на кои беа изложени под нацизмот.

„И покрај значењето на овој ден, тој останува речиси незабележан. Денес, кога различноста, мигрантскиот статус или припадноста кон ромската заедница сè уште се причини за стигма и отфрлање, важно е да се потсетиме на нашата морална обврска. По 81 година, имаме должност да се спротивставиме на сите форми на кршење на човековите права, да го осудиме антициганизмот како специфичен облик на расизам, како и секој говор на омраза и дискриминација што нема место во едно вистински демократско општество“, соопштија од Кабинет на МИСР.

Директорот на РЕФ (Roma Education Fund), Реџепали Чупи на својот Фејсбук профил објави дека денешниот датум (16 мај), е уште еден во низата значајни датуми од нашата историја.

„Датум за кој до неодамна воопшто или многу малку се говореше. Треба повеќе да зборуваме, едуцираме и подигнуваме свест за злосторствата против нашите претци почнувајќи од нашиот потесен круг (семејство, роднини и пријатели) па кон пошироката јавност и авторитетите од кои се очекува и бара должно внимание, вклучувајќи го и Министерството за образование и наука (МОН) за вметнување на дел од историјата на Ромите во наставните планови и програми за основно и средно образование. Никогаш да не се заборави. И никогаш да не се повтори“, заклучува Чупи.

Д. М. / Цивил Медиа

Next Post

Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk