Цивилната одбрана на Појасот Газа објави дека во израелскиот напад врз палестинската енклава загинале најмалку 50 луѓе.
– Билансот на израелското бомбардирање врз Појасот Газа е најмалку 50 загинати, изјави директорот на Цивилната одбрана Мохамед ал Могаир, додавајќи оти продолжува потрагата по преживеаните под урнатите.
Лекар во индонезиската болница во Беиг Лахи истакна дека во болницата се примени 30 безживотни тела. Вршителот на должност директор на болницата Ал Авда во Џабалија наведе дека болницата примила пет тела и над 75 повредени.
Израелските напади врз северниот дел на Појасот Газа продолжуваат и денеска. Синоќа израелската армија повеќе часа бомбардираше цели во Појасот Газа, а утрово Палестинците го напушта бегалскиот камп Џабалија и градот Беит Лахија.