ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025 13:53
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фото: ССНМ

Фото: ССНМ

Share on FacebookShare on Twitter

Отворен е конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025, соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Рокот за поднесување апликации е 16 јуни до 00:00 часот, а наградниот фонд за Република Северна Македонија изнесува 10.000 евра.

Како што наведува ССНМ, целта на наградата е да ги препознае извонредните достигнувања во истражувачкото новинарство и да ја зголеми видливоста на квалитетните стории.

-Ги покануваме сите новинари кои имаат објавено истражувачки стории во текот на претходната календарска година да се пријават за оваа награда. Наградата се доделува во земјите од Западен Балкан (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија) и Турција. Покрај националните признанија повторно ќе бидат наградени и најдобрите регионални стории. Награднот фонд за националната и за регионалната награда изнесува по 10.000 евра. Во секоја земја трите најдобри стории ќе бидат наградени, а националните и регионалните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место, информира Синдикатот и додава дека признанијата се доделуваат во рамки на проектот „Зајакнување на квалитетот на новинарството на Западен Балкан и Tурција II“.

Секој кандидат може да пријави свои стории за националната, за регионалната или и за двете награди. Еден кандидат на конкурсот може да пријави најмногу три стории.

Жири-комисијата за националната награда има екслузивно право сториите кај кои ќе препознаат регионална вредност да ги предложат и за регионалната награда, дури и во случај тие стории при аплицирањето да не биле пријавени за тој конкурс. Во овој случај организаторите ќе побараат дозвола од авторот за да учествува на регионалниот конкурс.

Конкурсот за ЕУ наградата за истражувачко новинарство 2025 го организира Томсон медија, а спроведувач во Република Северна Македонија е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, организации со децениско искуство во развој на медиумите, промоција на правата на новинарите и професионалното новинарство.

-Овој проект е финансиран од Европската Унија и е спроведуван од конзорциум кој го сочинуваат Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН Хаб, Централно-европскиот Универзитет (ЦЕУ) – Унгарија, Асоцијацијата на новинари (АЈ) – Турција, Томсон Медија (ТМ) – Германија, Универзитетот Гоце Делчев Штип (УГД) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) – Северна Македонија, Асоцијацијата на медиумите од југо-источна Европа (МАСЕ) – Црна Гора и Балканската истражувачка репортерска мрежа Косово (БИРН Косово), информира ССНМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУистражувачко новинарствоконкурснагради
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен не очекува Ред Бул да го стигне Мекларен наскоро

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk