ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Реакции во Грција поради реклама со дронови над Акропол

May 16, 2025 13:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Реклама за позната спортска марка, со помош на дронови на небото во Атина и над Акропол предизвика негативни реакции, како на социјалните мрежи, така и од опозициските партии, а од Министерството за култура соопштија дека ќе поднесат тужба до одговорните за „кршење на археолошкото законодавство“, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа на социјалните мрежи беа објавени фотографии од рекламата со дронови, а најголеми негативни коментари и реакции имаше за онаа на која патика е точно над Акропол.

„Сликата на џиновска спортска патика како „го гази“ Акропол преку проекција на дронови претставува уште едно тажно потсетување за потребата од јасни институционални граници и почитување на нашето културно наследство“, реагираа од ПАСОК.

„Сликата од рој дронови на кој спортска патика „го гази“ Акропол за рекламни цели претставува навредлива комерцијализација на јадрото на нашето културно наследство“, пишува во реакцијата од СИРИЗА.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека „надлежните служби во текот на денот ќе поднесат тужба против секој што е одговорен за кршење на археолошкото законодавство“.

„Дополнително, Министерството е во контакт со Службата за цивилно воздухопловство, со цел да се испита дали се почитувала или не постапката за лиценцирање на прелет на беспилотни летала, согласно важечкото законодавство“, соопштија од Министерството за култура на Грција.

Од опозициските партии ПАСОК и СИРИЗА во нивните реакции потсетуваат дека Министерството за култура минатиот месец не му даде дозвола на режисерот Јоргос Лантимос да го снима неговиот филм на Акропол.

Tags: Грцијадроновиреклама
Next Post
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

НАЈНОВО

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk