Дефанзивецот на премиерлигашот Борнмут, Дин Хујсен, потпиша денеска договор со Реал Мадрид до 2030 година.
Хујсен ќе му се приклучи на Реал на 1 јуни, со што ќе може да настапи на Светското клупско првенство следниот месец.
Борнмут објави попладнево дека Реал ја активирал откупната клаузула од 50 милиони фунти (66,36 милиони долари) за да потпише петгодишен договор со 20-годишниот дефанзивец.
Хујсен одигра 34 натпревари за Борнмут оваа сезона, постигнувајќи три голови
Шпанскиот репрезентативец Хујсен, кој е роден во Холандија, дебитираше за Шпанија во март во Лигата на нации.