ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

May 17, 2025 11:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Додека Европа му правеше неформален конзилијарен преглед на македонскиот премиер за време на самитот во Тирана, јас научив дека смолата може да го задуши дрвото како вмро Македонија.

Пред хациендата во Орешани така ми беше јагленосана една убава цреша.

И други дрвца ми се исушија.

Добро, си реков, не може во државата се да се суши и да гори, а кај тебе се да цвета, еден свет сме, општата судбина, и да не сакаме да ја споделиме, ќе не погоди и нас и дрвцата.

И желките кои порано корзираа низ мојот двор, а сега треба да чекам три дена на терасата да видам една.

Ми рекоа дека сум пропуштил да ги испрскам дрвцата со некои заштитни препарати.

Сигурно, не бегам од одговорноста.

Не можам да кажам дека за тажната судбина на црешите е виновен претходниот сопственик на земјата, еден добар човек од Студеничани.

Значи, не ги прскав.

Тоа е.

Како што и Македонија пропушти да ги крене авионите и да се испрска себе си против вмороните.

Сега се како москитоси кои им ја пијат крвта на Македонците и ги разболуваат од мозочна маларија.

Што друго научив за време на претрагите што во Тирана му беа правени на нашиот омилен водач у курац.

Научив дека самоќата не е болест ниту предизвикува болести, туку е форма на вистинска реализација на секој паметен човек кој не мора, поради работа или поради нешто друго, да се дружи со луѓето.

Особено со типови кои не пропуштаа да ме масираат со банални работи, со муабети за тоа дали ќе ја биде Македонија и зошто не.

Порано кога ќе ми речеше некој дека Заев ја заебал светлата иднина на библиската земја, веднаш знаев дека седам со папагал без пердуви, тажна но неподнослива фигура и станував велејки му дека јас не можам да серам на масата туку ќе одам во тоалет. И не се враќав.

Да не зборам за типови кои обожаваа да ме дават со тоа колку Европа е виновна за војната во Украина, заедно со Зеленски и дека Путин има право да прави пепел од украинските луѓе, згради, фабрики, школи, болници, деца, трговски центри, затоа што тие се симболи на близината на Запад до границите на Русија, а тоа ја загрозувала безбедноста на Русија, која, како и моите гњаватори, никако да се праша кого се загрозува близината на таа огромна земја која е на границите на сиот останат свет. Колку Запад треба да биде далеку за да не ја загрозува Русија?

И најважното: Зошто Украина сака во НАТО и ЕУ, а бега од Русија која и е прв и голем комшија?

Најмал проблем ми беа даважите со некакви свои проблеми  кои не се од редот на оние кај што јас можам да интервенирам со памет или пари.

Особено не со пари.

Од скржавост, нормално.

Хахаха!

Научив дека дружењата во Македонија се бесмислени, дека се начин нормален човек да го потроши своето време, а често и енергија во докажување на рабити за кои Македонецот нема антени и ресивери со кои би ги примил и процесуирал имформациите и анализите што му се даваат.

Хахаха!

Научив многу за сопственото тело, за тој неверојатено сложен организам кој 73 години ги има истрпено сите мои тортури, повторно, слично како што Македонија трпи многу срања при што срањето на вмро, освен што е смрдливо е и смртоносно отровно.

По тоа се разликува од другите.

Јас и моето тело досега бевме на дистанца и не се познававме. Мислам јас не го познавав него, го сметав за некаква даденост која освен малку вода, шампон, и паста за заби, добро, и маска од текстил, не заслужува повеќе внимание, но мислам дека тоа ме познаваше мене и беше спремно да се адаптира и да ги прима сите удари од моја страна.

Многу сум му благодарен.

Јас цело време имам магнетна резонанца на телото на Македонија. И компјутерска томографија. За ехо на нејзиниот абдомен исполнет со говна поради перфорација на дебелото црево предизвикана од обилната конзумација на глупави митови и бескрајните телевизиски обраќања на Мицко&Co, имам и ПЕТ снимки, но за моето тело немав ништо освен една панорамска снимка на забите.

Поздрав сум од што сум заслужил.

Подобар сум од сите мои очекувања и на луѓето што знаат по нешто за мојот нездрав начин на живот.

Некои приблемчиња има, се разбира.

Мали дивертикули на колонот, гастрит со хеликобактер.

Што друго ве интересира?

Од сите прегледи и докторски извештаи научив многу за извонредната сложеност на организмот, фантастични детали за функционалноста, за поврзаноста на органите и на делови од органите, за важноста да се внимава на исхраната, на физичката активност, на тежината.

И научив дека се чувствувам подобро кога ги следам упатствата на докторите.

Да речеме, животот без алкохол не ми дојде како некаков напор или жртва на квалитет во животот каков што го водев, туку како комплетно нов квалитет.

Научив дека машкиот приклучок на каблите во аудио системот треба да биде поставен така што фазомерот да светне кога ќе го внесам во горното десно дупче на женскиот крај.

Фазата морала да биде така кај сите кабли.

И навистина, системот сега е перфектен.

Како што би била Македонија.

Да има некој фазометар и да го сврти кабелот на вмро.

Научив уште нешто.

Тесла денеска би работел во сервисната служба на Телеком, би поставувал кабли и ресивери во домовите, да може рајата да ужива во терапијата за безболно оглупавување, ако Вестингхаус успеал да го убеди да се запише во вмро. Ако не, би копал по контејнерите. Блаже Коневски би бил учител во „Ѓорѓија Пулевски” со договор на одредено време. Ако баба му од Небрегово му дала членска книшка од комитската централа.  Александар Македонски би бил бодигард на Мизрахи во коњскиот марш за Крушево, без право на секс, а Кирил и Методиј би биле членови на Патриотскиот институт на вмро.

Конечно, научив дека европјаните кои на пониско, но, сепак, важно ниво, почнаа да доаѓаат во Македонија за да разговараат со домаќините за унапредување на македонските евроинтеграции, се или многу трпеливи, пристојни и културни знам дека се,  или се под дејство на некои препарати кои им овозможуваат да ја поднесат бесмислата на својот официјален ангажман.

Или се неинформирани за вистината за Македонија под вмро.

Трето, нема!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко Тричковски

НАЈНОВО

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД

May 17, 2025

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство темел на инвестициска соработка од шест милијарди евра

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk