ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

Говор на Џабир Дерала на конференцијата „Сребреница – совеста на светот“

May 17, 2025 14:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Денес не зборувам само за геополитика и стратегии, туку за сеќавањето – за вистината и правдата што им ја должиме на жртвите и за одговорноста што ја носиме пред живите.

Руското влијание во Србија не се сведува само на дипломатија или воено сојузништво. Тоа е софистицирана и длабоко вкоренета стратегија која ги опфаќа медиумите, разузнавањето, Црквата и културниот идентитет. Секако, и кон јакнење на капацитетите за водење хибридна војна. Тоа е стратегија насочена не само кон проширување на геополитичкиот отпечаток на Русија во регионот, туку и кон препишување и дисторзија на историјата, правдање на злосторствата и оживување на хегемонијата на Балканот под знамето на „одбрана на нашите“.

Во центарот на оваа стратегија се наоѓа моќен и смртоносен наратив: митот за жртвата.

Русија и Србија изградија и споделуваат светоглед во кој двете нации се прикажуваат како вечни жртви на западната агресија, глобалните заговори и културниот прогон. Во овој наратив, агресијата се претставува како самоодбрана, а геноцидот како праведна борба за слобода и правда.

Руската медиумска инфраструктура – RT Balkan, Спутник Србија и широка мрежа од локални „патриотски“ медиуми – неуморно работи на поддршка на српските националистички наративи. Западот се прикажува како извор на сите проблеми на Балканот, НАТО како историски агресор, а ЕУ како империја што се распаѓа, непријателски настроена кон словенскиот и православниот идентитет.

Но најопасниот дел од оваа машинерија не е тоа што го кажува за другите, туку долгорочната стратегија што ѝ дозволува, односно ѝ наметнува на „публиката“ да ја негира вистината за себе.

Негацијата на геноцидот во Сребреница не е изолиран чин на историски ревизионизам – тоа е централен столб на оваа пропагандна структура. Нека биде кажано уште еднаш: Повеќе од 8.300 Бошњаци – мажи и момчиња – беа систематски егзекутирани во јули 1995 година. Фактите се добро документирани, пресудите донесени, масовните гробници видливи.

И сепак, до ден-денес, тоа ужасно злосторство се минимизира, се релативизира, и – на многу места низ регионот, не само во Белград и Москва – отворено се негира. Да не се заборави. Паралелно со масовните егзекуции, геноцидот во Сребреница беше обележан со систематско сексуално насилство – илјадници силувања и нечовечки третман врз жени и деца – и присилно раселување на над 25.000 луѓе од регионот, оставија траума што оставија длабока лузна на секоја педа од Босна.

И токму тука руската стратегија совршено се усогласува со српскиот хегемонизам: преку наративите за прогон и жртва, Москва му овозможува на Белград да ја продолжи својата политика на регионална доминација под превезот на самоодбрана. Воените злосторници се претставуваат како патриоти. Сецесионизмот се претставува како процес за заштита на „загрозеното и прогонето“ српство. Процесите за помирување се блокираат и се заменуваат со кампањи на стравот и омразата. А секој обид за обелоденување на фактите и вистината се етикетира како напад врз српскиот идентитет.

Ова не е само политика – ова е војна со наративи.

Српската православна црква, во тесна идеолошка и оперативна координација со Руската православна црква, ја презема улогата на морализатор во овој екосистем. Таа не го благословува мирот, туку национализмот и војната. Таа не ги лечи раните од војната – туку ги отвора со проповеди за жртвата и божјата предодреденост. Лагата ја прогласува за светост и со тоа ја труе душата на цели генерации.

Во меѓувреме, руските и српските разузнавачки служби соработуваат во операции кои ги таргетираат граѓанските организации и активисти, спроведуваат софистицирани и масивни дезинформациски кампањи и ги поткопуваат владите со прозападна ориентација во регионот. Нивните хибридни тактики не се нови – но стануваат сè поагресивни, технолошки понапредни и емоционално поефективни, а со тоа и поопасни. Тие не внесуваат дисторзија на реалноста на денешницата – тие го бришат минатото.

А тоа нè води до она што е најважно: вистината.

Не смееме да дозволиме геноцидот да се негира. Не смееме да дозволиме масовните гробници да бидат закопани под пропагандата. И не смееме да дозволиме жртвите да бидат убиени по втор пат — со молчење.

Негацијата на геноцидот не е само изопачување на вистината – туку оружје, со кое тиранијата и лагите владеат уште долго откако земјата е натопена со крв.

Некои тврдат дека луѓето негираат такви злосторства затоа што се заробени во пропаганда, дека биле научени да гледаат на агресорот како на жртва. Иако тоа може да важи за некои, тоа ни оддалеку не е целосно оправдување. Не кога има масовни гробници. Не кога доказите се непобитни. Не кога преживеаните сè уште сведочат, а институциите на правдата изрекле пресуда. Пред таков ужас, да се тврди „ние бевме нападнати“ или „не знаевме“ не е само нечесно – тоа е апсурдно, цинично и неморално. Тоа е како да велите дека не знаевте оти убиството е зло. Негацијата, во такви околности, не е незнаење. Тоа е соучесништво.

Пропагандата не го повлекува чкрапалото, но ги мотивира луѓето да убиваат, палат и силуваат. Не ја фрла бомбата, но ја подготвува пистата. Не ги закопува телата, но спроведува операции тие да бидат заборавени. Еден човек може да убие еден или повеќе други човечки суштества. Но! Пропагандата убива илјадници – и ја уништува секоја можност за исцелување меѓу живите.


Говор на Џабир Дерала на панелот „Улогата на Русија во поддршката на големосрпската пропаганда на Западен Балкан“ на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: геноцидДералаРуско влијаниеСребреница

НАЈНОВО

Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk